Сител утрово објави дека настанот се случил во средата во 11:45 во Кочани. Седум годишното девојче се враќало од училиште кога возило со странски регистарски таблички ја пресретнало, нагло застанало а непознати лица со локален дијалект му наредиле на детето да влезе во автомобилот. Во тој момент дедото на малолетното девојче ги забележал па тие побегнале.

Објавил: Весна Петровска | 13 декември, 2019 12:56

СТРАШНО: Обид за киднапирање на ќерката на пратеникот на СДСМ, ТОА НЕ Е СЕ: Обиен и станот на пратеничка

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Обид за киднапирање на 7-годишна ќерка на пратеник од СДСМ, приведени се две лица.

Од МВР информираат дека по пријавата, полицијата веднаш излегла на терен при што се приведени две лица на возраст од 18 години.

„Констатирано е дека M.Ѓ.(18) и и И.Ј.(18) со патничко возило „БМВ“, управувано од М. Ѓ., се движеле низ улиците по градот и вознемирувале граѓани. Лицата се приведени во Полициска станица Кочани, а за случајот е известен Јавен обвинител. По комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.”, информираат од МВР.

Сител утрово објави дека настанот се случил во средата во 11:45 во Кочани. Седум годишното девојче се враќало од училиште кога возило со странски регистарски таблички ја пресретнало, нагло застанало а непознати лица со локален дијалект му наредиле на детето да влезе во автомобилот. Во тој момент дедото на малолетното девојче ги забележал па тие побегнале.

По обидот за киднапирање, обиен станот на пратеничка од СДСМ.

Домот на пратеничка на СДСМ вчера бил мета на крадци, пишува Курир.мк.

Порталот пишува дека И.С. пријавила дека на улица Мирослав Крлежа во Скопје насилно е отворена влезната врата од станот,а истото било наведено во полицискиот билтен.

Од полицијата велат дека се уште се работи на случајот и утврдување на точната ситуација, па не можат прецизно да каже дали и што е украдено од станот.

Наскоро повеќе детали.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.