Таа рече дека чекањата достигнале ниво што не е видено порано, бидејќи брзата помош е под невиден притисок поради бројните хоспитализации поради вирусот корона, кој го „турна“ здравствениот систем на работ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јануари, 2021 16:24

СТРАШНО: ПАЦИЕНТИ ПО 9 ЧАСА ЧЕКААТ ВО АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА- Хаос во болниците во Лондон(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк Foto: EPA / Andy Rain

Пациентите чекаат до девет часа во брза помош за да влезат во болниците, предупреди денес шефот на Службата за итни случаи во Лондон, Трејси Николс.

Хаос во болниците во Лондон!

Таа рече дека чекањата достигнале ниво што не е видено порано, бидејќи брзата помош е под невиден притисок поради бројните хоспитализации поради вирусот корона, кој го „турна“ здравствениот систем на работ.

Пациентите кои повикуваат брза помош се класифицирани во категорија две – лица за кои постои сомневање дека имаат мозочен удар или болка во градите – и треба да добијат помош во просек 18 минути, но во некои случаи се принудени да чекаат до 10 часа!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.