Етна е најголемиот активен вулкан во Европа со височина од 3,329 метри, но тоа варира според ерупциите. Планината е пониска за 21 метар од 1981.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 мај, 2019 20:13

СТРАШНО: Се активира вулканот Етна во Италија, исфрла вжарена лава!

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Како што потврдија вулканолозите во Италија, вулканот Етна во Италија, најактивниот вулкан во Европа, се активира и почна да исфрла вжарена лава која тече во должина од неколку стотици метри.

Најголемиот активен вулкан во Европа, Етна се активира и почна да исфрла вжарена лава, потврдија вулканолозите од Италија. Директорот на Националниот институт за геофизика и вулканологија на Катанија (ИНГВ), Еугенио Привитера изјави дека станува збор за нова фаза на експлозија во вулканот.

– Ова наскоро може да заврши, а може и да потрае неколку месеци. Во моментов нема опасност за луѓето кои живеат во оваа област, но од безбедносни причини, потребно е да се контролира приливот на туристи, смета Привитера.

Етна повеќепати во историјата покажала способност да исфрла камења големи како киклопските карпи, а истата сила ја задржала до денес. Зачувани се пишани извори за големите ерупции во 475 и 369 п.н.е., потоа во 812 или 1169 година при што загинале 15000 луѓе на Сицилија како резултат на земјотресот кој претходел на ерупцијата како и онаа во 14 век. Во 1669 година Етна се распукала од врвот до дното и од неа се излеале милиони тони лава што тогаш ја уништила цела Катанија и околината. Помали ерупции се случувале пред и потоа (само во 20 век имало повеќе од 10) кои редовно ги уништуваат земјоделските површини и ги опожаруваат селата.

Етна е најголемиот активен вулкан во Европа со височина од 3,329 метри, но тоа варира според ерупциите. Планината е пониска за 21 метар од 1981.
Таа е највисокиот вулкан во Европа надвор од Кавказ. Вулканот е висок 3,329 м (10,922 ст) иако врвот варира согласно ерупциите. Таа е највисока планина во Италија јужно од Алпите. Покрива површина од 1,190 km2 (459 ми) со површина на основата која зафаќа 140 km.

Со тоа Етна е далеку поширока од трите активни вулкани во Италија, два ипол пати повисока од вулканот Везув. Само Теиде на Тенерифе (Шпанија) ја надминува во целиот Европско-Североафрикански регион, западно од Црното Море.

Во старогрчката митологија, смртоносното чудовиште Тифон бил заробен под оваа планина од страна на Зевс, бог на небото и на молњите и крал на боговите, а постојат легенди и дека ковачницата на богот Хефест исто така се наоѓала под вулканот.
Етна е и еден од најактивните вулкани во светот.

Плодната вулканска почва го поддржува земјоделството, поволна е за одгледување лозје и разни видови овошје кои се распространети во долните делови на планината.
Поради нејзината историја на поскорешните активности, планината Етна била прогласена за еден од Децениските вулкани од страна на Обединетите Нации. Во јуни 2013, Етна била додадена на списокот на УНЕСКО како една од светските природни наследства на човештвото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.