Во недела на 25 октомври, во 3 часот наутро, часовникот се враќа еден час назад и ќе биде 2 часот, што значи денот ќе трае 1 час подолго.

Објавил: Владо Марин | 17 октомври, 2020 8:16

Стрелките одат еден час назад: Подгответе се за зимското сметање на времето

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Веќе од следната недела се менува начинот на сметање на времето. Ноќта помеѓу 24 кон 25 октомври стрелките на часовникот одат еден час назад.

Во недела на 25 октомври, во 3 часот наутро, часовникот се враќа еден час назад и ќе биде 2 часот, што значи денот ќе трае 1 час подолго.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија.

Предлогот беше усвоен од Европскиот парламент, но секоја членка на ЕУ ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.