Лицето го развирил албанското знаме на манифестацијата ,,Краинска косетнијада“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 ноември, 2019 10:07

СТРОГА КАЗНА: Албанец протеран од Црна Гора, развиорил албанско знаме на манифестација

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

4 годишен албанец со иницијали И. Д.  е протеран од Црна Гора во траење од еден месец и казнет со 300 евра поради незаконско истакнување и виорење на знамето на Република Албанија на манифестација во Бар.

Како што пренесуваат медиумите, албанското знаме било развиено на манифестацијата ,,Краинска косетнијада“.

Полицијата поднесе предлог за покренување на прекршочна постапка пред обвинителството во црногорскиот град, Бар.

Во април годинава ваков инцидент се случи и кај нас, кога огромно знаме на Албанија беше поставено на бедемот на Самоиловата Тврдина, од страна на членови на на фолклорната група Арбераши од Косово, кои тврдеа дека знамето го поставиле како дел од кореографијата.

Албанско знаме потавено на Самоиловата тврдина во Охрид.

Лицето кое го постави албанското знаме на Самоиловата тврдина ја плати паричната казна од 1.100 евра и доби 5 години забрана за влез во Македонија. Казната ја одреди судија на претходна постапка по инцидентот кога четири лица.

Казнетиот играорец веднаш ја напуштил Македонија во придружба на полицијата.

За овој инцидент биле приведени две лица, но казнет беше само играорецот Ѓерг Прекоцај (50) од Косово, а со место на живеење во Лозана, Швајцарија.

За ваквата одлука реагираше веднаш претседателот на Собранието Талат Џафери, кој рече дека поставувачите на албанското знаме во Охрид се културно уметнички работници и поради тоа казната требало да биде поблага.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.