Според Ројтерс, британската влада прецизирала дека новите правила, кои бараат самоизолација за лицата кои биле во контакт со некои заразени со ковид-19, ќе стапат во сила на 28 септември.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 септември, 2020 12:03

СТРОГИ МЕРКИ ВО БРИТАНИЈА: Премиерот Џонсон најави високи казни до 10.000 фунти за прекршување на самоизолација

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Британците кои ќе ги прекршат новите правила на самоизолација поради контакт со некои заразени со ковид-19, да очекуваат високи казни, кои ќе се движат до 10.000 фунти, најави британскиот премиер Борис Џонсон.

„Луѓето кои ќе изберат да ги игнорираат правилата ќе се соочат со значителни казни“, рече Џонсон.

Тие исто така наведуваат дека некои работници со ниски примања ќе добијат државна помош во вредност од 500 фунти ако претрпат загуба на заработката поради одлука на владата.


Од почетокот на пандемијата на вирусот корона, во Велика Британија се регистрирани 390.358 заболени со коронавирус, додека починале 41.759 лица.

Во Обединетото Кралство, во саботата се регистрирани 4.422 нови случаи на коронавирус, што е за околу 1.000 повеќе од претходниот ден.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера изјави дека вториот бран на пандемија на вирусот корона е неизбежен, додавајќи дека тие не би сакале повторно да се воведат карантински мерки на национално ниво, но дека властите може да бидат принудени да одлучуваат за нови забрани.

„Гледаме дека доаѓа нов бран, се плашам, дека е апсолутно неизбежен“, рече Џонсон.

Според Ројтерс, Џонсон изјавил дека не е исклучено британската влада, за да ја одржи ситуацијата под контрола, да мора да донесе нови мерки.

„Во никој случај не сакам да воведам втор карантин на национално ниво“, рече британскиот премиер, но додаде дека ситуацијата ќе треба да се анализира доколку вирусот продолжи да се шири.

Најголем пораст на нови случаи е забележан во северна Англија и Лондон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.