Членовите на Комисијата се избираа од редот на истакнати стручњаци од областа на епидемиологијата, инфектологијата, микробиологијата, педијатријата, ветерината и други специјалности.

Објавил: Владо Марин | 21 октомври, 2020 9:19

СТРУЧЊАЦИ ВО СВОЈАТА ПРОФЕСИЈА: Ова се членовите на Комисијата за заразни болести

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Согласно член 249 од Законот за здравствена заштита, односно член 59 од Законот за заштита на населението од заразни болести, на 15 март 2020 година, министерот за здравство Доц. Д-р Венко Филипче формираше Комисија за заразни болести како стручно, советодавно тело за справување со Коронавирусот КОВИД-19.

Членовите на Комисијата се избираа од редот на истакнати стручњаци од областа на епидемиологијата, инфектологијата, микробиологијата, педијатријата, ветерината и други специјалности.

За претседател на Комисијата е назначен Проф. д-р. Миле Босилковски од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-Скопје.

За секретар на Комисијата е назначена д-р. Кристина Ставридис од ЈЗУ Институт за јавно здравје.

Членови на Комисијата за заразни болести се:

  • Проф. д-р. Миле Босилковски , ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-Скопје.
  • Д-р. Зоран Стојановски, Министерство за здравство
  • Прим. Сузана Маневска, Министерство за здравство
  • Прим. др. Жарко Караџовски, ЈЗУ Институт за јавно здравје
  • Д-р. Владимир Миќиќ, ЈЗУ Институт за јавно здравје
  • Д-р. Милена Стевановиќ, ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-Скопје
  • Д-р. Илир Демири, ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-Скопје
  • Д-р. Наташа Најдановска-Алуловска, ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести
  • Д-р. Виктор Исјановски, директор на ЈЗУ Здравствен дом-Скопје
  • Проф. д-р. Милена Петровска, Институт за микробиологија и паразитологија, Медицински факултет-Скопје
  • Прим. д-р. Александар Стојанов, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Скопје
  • Д-р. Иринка Сотирова Бухова, претседателка на Државен здравствен и санитарен инспекторат
  • Д-р. Лилјана Деспотовска Ристовска, Државен здравствен и санитарен инспекторат
  • Ванчо Новоселски, Агенција за храна и ветеринарство
  • Грета Николовска, Агенција за храна и ветеринарство
  • М-р Марија Милкова, Центар за управување со кризи
  • Д-р. Кристина Ставридис, ЈЗУ Институт за јавно здравје член и секретар на Комисијата.“

Како надворешен член на Комисијата е одредена Арта Кули од Канцеларијата на Светската здравствена организација-Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести