Ненадејниот студен бран, по пеколните недели од крајот на летото, кој го зафати Балканскиот полуостров, за жал ја однесе и првата жртва

Објавил: Мартин Попоски | 26 септември, 2018 15:57

Студениот бран ја однесе првата жртва во Романија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Температури под нула степени Целзиусови денеска беа регистрирани на многу места во Романија, а како последица на студеното време почина еден планинар.

Романските синоптичари соопштија дека утринава во градот Миеркуреа Чук, е регистрирана температура од минус 3.8 степени Целзиусови. За утре тие најавуваат уште постудено време.

Властите соопштија дека 22-годишен планинар починал од хипотермија во болница во централна Романија.

Портпаролот на болницата во Сибиу информира дека планинарот бил донесен во бессознание со тешка хипотермија и срцев удар.

Раководителот на планинарските спасувачи Сабин Корне изјави дека никој не очекувал такво „сурово и турбулентно време“.

Ваков студениот бран е невообичаен за Романија во овој период од годината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.