Станува збор за 23-годишната студентка Артина Ќазими од гостиварски Добри Дол кандидатка на Алијанса за Албанците и Алтернатива на листа во изборна единица 6.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 август, 2020 17:52

Студентката Артина Ќазими е најмладата пратеничка во македонското собрание!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната конститутивна седница, со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан, ниту пак против, верифицирани се мандатите на сите 120 пратеници, со што е избран новиот парламентарен состав.

Најмладата пратеничка во Собрнаието е студентка и е од Гостивар.

Станува збор за 23-годишната студентка Артина Ќазими од гостиварски Добри Дол кандидатка на Алијанса за Албанците и Алтернатива на листа во изборна единица 6.

Артина во изјава за ТВ 21, таа нагласи дека за разлика од нејзините врснички кои сакале мода, спорт или музика, таа се интересирала за вести и за политика.

Како што истакна нејзина цел во парламентот ќе биде борбата против егзодусот на младите од државата преку обезбедување достојна егзистенција и иднина.

Инаку седницата беше прекината по изгласувањето на извештајот од Верификационата комисија, а продолжението ќе биде веројатно откако ќе бидат познати коалициите меѓу партиите, односно откако ќе се обезбеди парламентарното мнозинство.

Тогаш, ќе се избираат претседатели и потпретседатели на Собранието. До изборот на нов претседател, со седницата ќе претседава претседателот во заминување, Талат Џафери. Претседателката на Верификационата комисија, Јагода Шахпаска, посочи дека сите членови, едногласно се согласиле да се верифицираат мандатите на сите 120 пратеници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.