Кога прашав кога последен пат овој пат е чепнат ми рекоа од времето на Тито, значи 50 години никој овие патишта не ги погледнал.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 август, 2019 16:52

СУГАРЕСКИ ВО АКЦИЈА: Се реконструира магистралата Куманово – Свети Николе!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вкупно 500 километри патна мрежа во државата се работи во овој момент, од кои над 120 километри само околу Куманово, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Според министерот Сугарески околу 60 милиони евра, се инвестираат во патната и комунална инфраструктура во Куманово.

– Предвидени се уште 450 километри да се реконструираат патишта низ целата држава, некаде сме на средина од градежната сезона, и очекувам до крајот на градежната сезона се она што сме го исполниле преку ЈП за државни патишта, дали преку кредитни линии, нивни средства, дали по основ на Македонија пат, навистина целосно ја подобриме патната инфраструктура и на тој начин да обезбедиме поголем, побрз и побезбеден транспорт на граѓаните од нашата држава, изјави Сугарески.

– Кога прашав кога последен пат овој пат е чепнат ми рекоа од времето на Тито, значи 50 години никој овие патишта не ги погледнал. И друг пат имам кажано не е лошо да се градат нови патишта, но тоа не значи дека треба да ги заборавиме старите патишта и да ги оставиме на забот на времето. Патот Куманово – Свети Николе 42 километри, веќе 10 километри е комплетно завршен, 15 километри е завршен со прв слој асфалт и од следната недела започнува вториот слој, изјави Китанов.

Според Китанов, рокот за завршување на магистралниот пат е до пролетта. Со оваа магистрала, распишани се тендери за два моста, а на Градежниот факултет завршува проектирањето за големиот т.н. „Искрин мост” на реката Пчиња, кој ќе чини околу 2,5 милиони евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...