Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила К.В., а со телесни повреди се здобил И.С. по што биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Објавил: Перо Милчин | 30 ноември, 2019 11:35

Судар на три автомобили кај скопско Јурумлери: Две лица со тешки повреди пренесени на Клиника

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во сообраќајки кои се случија синоќа во Скопје, беа тешко повредени повеќе лица.

Минатата ноќ во 21,25 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Јурумлери- с.Долно Лисиче се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В.(41) од Скопје, патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(21) од с. Кадино-скопско, и патничко моторно возило „цитроен Ц3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(23) од с.Јурумлери-скопско, пишува Сител.

Со тешки телесни повреди се здобила К.В., а со телесни повреди се здобил И.С. по што биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Неколку минути претходно, во 21,15 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Јурумлери- с.Долно Лисиче се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(30) од с.Долно Лисиче-скопско, и велосипед управуван од З.Б.(54) од с.Долно Лисиче- скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Б.,по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...