Драмата од македонскиот Парламент со исклучување на пратеници се префрла во грчкиот Парламент

Објавил: Узунов Бобан | 15 јануари, 2019 13:56

Судбината на Крсто Мукоски и останатите иста и за грчки пратеник

Фото/Текст извор: ©магазин

Спирос Данелис, пратеник во грчката парламентарна партија на партијата Потами, беше исфрлен од неговата парламентарна група, а претседателот на партијатa, Ставрос Теодоракис, преку писмо го информираше парламентот за тоа, јавува АНА-МПА.

До исфрлањето на пратеникот дошло по неговата вчерашна изјава дека тој ќе ја поддржи владата на грчкиот премиер, Алексис Ципра, пренесуваат грчките медиуми.

Денеска во грчкиот Парламент почна дебата за гласањето на доверба на Владата на Ципрас според кој има информации дека Владата на Ципрас ќе преживее. Во случај да не биде изгласана доверба на Владата, Ципрас останува премиер но ќе мора да распише парламентарни избори многу порано пред редовниот термин. Грчките медиуми јавуваат дека Ципрас обезбедил повеќе гласови за ратификација на Преспанскиот договор отколку за поддршка на неговата Влада.

Медиумите додаваат дека покрај ваквата изјава на Спирос Данелис, официјалниот ставот на партијата е да не се поддржи владата на грчкиот премиер.

Лидерот на опозциската Нова Демократија обвини дека во Грција се купуваат пратеници и дека се врши притисок да се гласа за Преспанскиот Договор. На дененшното обраќање во Парламентот, тој истакна дека денешната дебата е последната изведба од претставата играна четири години на трошок на грчкиот народ.

Денеска во Грција во Парламентот започна расправата за недоверба на владата на Ципрас, а утре се очекува да се одржи гласањето во Парламентот.

Претходно грчкиот пратеник, лидер на партијата Енеси Кетрон изјави дека америкнаскиот и грчкиот амбасадор му се заканиле да гласа за Преспанскиот договор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.