Можни нови признанија во случајот "Талир"

Објавил: Узунов Бобан | 8 јануари, 2019 10:11

Судење за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©24 вести/ магазин

Незаконскиот начин на финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, односно уплати на средства на сметка на партијата, како и незаконската изградба на зградата во кое е сместено седиштето е пред својот крај. 

Имено, од скопскиот кривичен суд потврдуваат дека е одржана јавна седница на која се вршела оценка на обвинителниот акт и дека обвинението поднесено од СЈО е прифатено, но и тоа дека стартот на судењето за предметот наречен „Талир“ е веќе закажано. 

Од 2009 до 2015 уплатени биле 301.531.662 денари (4,9 милиони евра). Дел од осомничените овие пари во завршните сметки ги прикажувале како донации. Парите биле трошени за трошоци за маркетинг, за плаќање сметки, за купување недвижен имот…
Од 2009 до 2015 биле склучени 71 договор за купување недвижен имот, платен од овие незаконски стекнати пари. Дел од имотот не бил во функција на остварување на целите на партијата и не се користи за партиски цели, без партиски обележја. 11 лица сториле кривично дело перење пари, од кои 9 лица биле директни извршители, а двајца биле помагачи. Случајот го води Фатиме Фетати

Точно е дека беше одржана Јавна седница за оценка на обвинителен акт. Во овој момент можам да потврдам дека веќе е одреден и советот кој ќе постапува, дека предметот е насрочен за судење, но со повеќе детали судот ќе излезе по празниците“. – изјави Иван Џолев.

Како што е веќе познато СЈО, за случајот наречен „Талир“ поднесе две обвиненија, а за обвинетата Елизабета Чингаровска беше изречена мерка јавување во суд, а и беше одезњемена и патната исправа со тоа што и беше забрането преминување на државната граница и забрана за издавање на нова.

Чингаровска, уште пред да започне судењето одлучи да ја признае вината за што и беше изречена казна затвор во траење од две години, а која што казна и се одложува доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело.

Низ судските кулоари веќе се шпекулира дека примерот на Чингаровгска ќе го следи најмалку уште еден од групата обвинети, но не треба да се исклучи можноста и други обвинети да се согласат со признание на вина за сметка на тоа да добијат условна затворска казна.

Инаку, со првото обвинение, освен Чингаровска, обвинет е и Никола Груевски, кому во отсуство ќе му се суди за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари, а обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски и Леко Ристоски, но и правното лице: ВМРО-ДПМНЕ.

Со второто обвинение, кое се однесува на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, опфатени се Никола Груевски и Кирил Божиновски, но освен за „централата“ судот донесе решение за замрзнување на уште 68 недвижнини, односно имот на паријата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.