Поранешниот претседател на Кривичен Суд Скопје, Панчевски, осомничен за 2 кривични дела: „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 8:39

Судијата Владимир Панчевски осомничен за 2 кривични дела

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот претседателот на кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски, на социјалните мрежи ја објави поканата што ја добил од скопското обвинителство.

Панчевки се води како осомничен за злоупотребите со електронскиот систем за распределба на предмети.

Во поканата пишува дека тој е осомничен за 2 кривични дела: „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

Панчевски треба денес наутро да се појави во основното јавно обвинителство каде ќе треба да одговори на прашањата на обвинителите. Следната недела, повикан е и претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, како сведок.

Повикани на распит се и судии, инфоматичари и судски административци.

Министерството за правда го објави извештајот за АКМИС-системот, откако работната група го провери електронскиот систем за распоределба на судските предмети во кривичниот суд и Апелацискиот суд во Скопје и Врховниот суд.

Во извештајот, меѓу другото е нотирано дека во кривичниот суд 860 предмeти не биле доделени на судија. 

Предмети биле распределувани рачно кај точно определени судии. Во извештајот се наведува дека во кривичниот суд грубо била повредена процедурата за донесување на годишниот распоред на судии, а поради честата промена, бил лимитиран изборот на судии кои ќе бидат вклучен во автоматската распределба на предмети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.