Почна судењето на Катица Јанева!

Објавил: Македонка Димкин | 4 декември, 2019 0:32

Судијата Панчевски, БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ!!!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Панчевски на својот ФБ профил со статус каде во клучен момент се обиде да и појасни на јавноста зошто Катица Јанева не беше веднаш притворена туку и беше оставен простор да брише докази, и зошто таа е обвинета за некакви си минорни 5000 евра.

Обвинета е за Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 вв со ст.1 тоа значи за штета или корист од поголема вредност, нели онаа корист од 5.000 евра за мебелот кои ги добила од обвинет да ја злоупотреби службената положба…

Понатаму пишува судијата, свесно за праксата за вакви кривични дела и по правната теорија обвинителството поднесе обвинение за ваков минорен настан! Навидум се личеше на победа дека Катица и СЈО се криминална структура на власта но реалноста е друга….

Панчевски: ако Катица биде осудена сега 1 година или условно построга казна нема да добие никогаш повеќе зошто едно службено лице правно еднаш ја злоупотребува службената положба и за истото дело не може да му се суди повторно и повторно!

Согласно праксата и теоријата на кривичното право во Македонија службено лице за својот мандат може само еднаш да одговара кривично за Злоупотреба, секое друго – ново дејствие на криминал кое би се открило ќе биде веќе пресудена работа, а тоа не влијае на еднаш утврдената казна, туку само судот констатира со дополнителна пресуда нова штета!

Значи ако Катица биде осудена сега 1 година или условно построга казна нема да добие никогаш повеќе зошто едно службено лице правно еднаш ја злоупотребува службената положба и за истото дело не може да му се суди повторно и повторно!

Ете тоа е измишљотината на Јовевски, Спасовска, Русковска заедно со Заев, Шеќеринска, Десковска и Катица тоа е тајната спогодба на Злосторничкото здружение на власт, тоа е трикот да му ги замачкаат очите на народот за сите злоупотреби на Катица Јанева и злосторничкото здружение!

Проверете ја праксата и прашајте го “академикот” ако не ми верувате мене.

Поздрав македонски народе, секогаш и единствено ваш! Во името на граѓаните на Македонија!

Судија Владимир Панчевски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести