Доказ за ова е манијакалната изјава дека зградата на новиот Кривичен суд имала централа со која додека сум бил јас претседател се прислушкувале судиите,

Објавил: Македонка Димкин | 28 март, 2019 10:09

Судијата Панчевски за Магазин: СЈО е завршена неуспешна и тажна приказна на Македонија, мрак за македонското право и со тоа треба така да се пресече

Фото/Текст извор: ©магазин

Случајот кој беше отворен против вас се однесуваше на АКМИС системот, за кој СЈО изврши претрес во вашиот дом ? До каде е овој предмет и дали сметате дека ова е класичен монтиран политички прогон против Вас ?

»Приказната со сомневањата за наводните злоупотреби на Акмис системот трае речиси две години, и почна како приказна пласирана од врвот на новата политичка гарнитура дојдена во 2016 година со изјавите на премиерот Зоран Заев и отварањето на судството како “пупка” потоа неговите јавни изјави во врска со мојата повторна кандидатура за претседател на Кривичниот суд дека јас не сум најподобното решение, потоа изјавите на вицепремиерката Радмила Шеќеринска во врска со моја инволвираност во местење предмети преку глумен компјутерски систем.

Овие политички изјави беа класични политички нарачки за се ова што се случува овие две години со прогон врз мене од страна на институциите за што сите видоа и слушнаа како претресот кој го извршија Катица Јанева и Ленче Ристоска со камарилата истражители и алфи во мојот дом и канцеларија во судот.
Паралелно и Министерството за правда за првпат направи Комисија како измислен судски преседан истит ден со СЈО да контролира суд, судски систем и работа на претседател на суди се останато но исход нема и очигледно не може ни да има бидејки се работи за смислен прогон и веројатно фиксација за некаква освета од владеачката политичка структура бидејки од 2012 до 2016 јас бев претседател на Кривичниот суд во Скопје.

Потоа политичката машинерија го покрена и надлежното основно обвинителство ВО Скопје кое отвори предистражна постапка за АКМИСОТ но нема исход сега слушам некој професор ке вештачел за да се изјасни за исходот на предистражната постапка што ја тераат, не видовме кој, кога и како го злоупотребувал системот, ниту такво нешто во мојот мандат постои, па оттаму заклучувам дека целата нивна монтирана приказна не е ништо друго туку класичен прогон врз мојата личност и професионална дискредитација. Противзаконскиот претрес врз мене лично, мојот кабинет, па и мојот дом претставуваше медиумски театар, и тврдам дека тоа и беше нивната цел, да нивниот атак мене биде пример и предупредување врз сите судии и обвинители како политиката се справува со правото и професионалците.«

Своевремено вие поднесовте и кривични пријави против СЈО за налогот за претрес во вашиот дом и за начинот за вршење на претресот и обвинителството експресно ги отфрли ? Од денешна дистанца од аспект на работењето на СЈО, како ја оценувате оваа постапка обвинителството ?

»Не е моја работа да ја оценувам работата на обвинителството тоа историјата ќе го утврдува, ништо не започнува и не завршува со нив. Налогот за претрес е добиен на незаконски начин и стојам зад тоа бидејки Законот ја докажува незаконитоста на процедурите од страна на СЈО. Целиот претрес е изведен на крајно криминален начин, брутално со многу процедурални повреди, а претресот во мојот дом каде поседувам и видео снимка на која се гледа како истражителот го зема клучот од масата е врв на институционата перверзија на СЈО и јасно го покажува нивниот криминален капацитет. Едноставно ќе ви одговорам немам повеќе верба во работата на правосудните институции иако останав да бидам дел од судискиот кадар на Кривичниот суд и да се борам па каква и голгота да поминам, прогонот не запира еве со години, но јас верувам во правдата, па затоа правдата ја барам во Стразбур. Ако тука ОЈО и СЈО не можат да видат кој краде клуч од стан и покрај самопризнанието на истражителот и по другарска линија си доделуваат наредби за претрес и тоа претседателот на судот во Гевгелија на Катица која доаѓа токму од таму, останува да верувам дека во Стразбур ќе го видат тоа и сигурен сум дека правдата кога тогаш ќе биде задоволена. Верувам во тоа бидејки по убедување секогаш сум се борел за правда која и да била политичка гарнитура на власт, а имам и 23 години стаж зад мене со потврдени професионални резултати«

Вашиот случај беше споменат во Извештајот на Стејт Департментот. Дали гледате на тоа како на политичка порака до одредена структура на луѓе во Македонија или повик за реформи во судството до власта ?

«Многу сум разочаран што дел од медиумите очигледно дека имаат проблем со познавање на англиски јазик, во дел се и неинформирани и не го ни прочитале извештајот но ги носи еуфоријата на политичката владејачка гарнитура и платената пропаганда.
Но доколку биле навистина чесни ќе прочитале прво дека во Извештајот се однесува на злоупотребата на човекови права во Македонија во 2018 година што значи не обработува период кога ја сум бил на позицијата претседател на Кривичниот суд бидејки како избран за претседател од редот на судиите јас бев на таа позиција од декември 2012 до декември 2016 година и второ овој извештај во една реченица само се осврнува на поканата што до мене ја упатило ОЈО Скопје по повод предистражна постапка поведена за злоупитреби на АКМИС системот на судот.
Уште чекам и јас сум љубопитен да видам како сум вршел злоупотреби, но еве до ден денес освен новинарски најверојатно нарачани и пумпани приказни не видов ниту еден доказ на таа тема.  А што се однесува за реформите на власта во правосудството, па нели направија тело за реформи предводено токму од премиерот, па еве три години освен дефиле на експерти и нивни оставки од тоа реформско тело, што друго прават таму почитуваните угледни правници останува енигма за сите? Мене ми се чини дека повеќе се собрале за да јадат чорби по кафани со амбасадорите и да смислуваат правни перверзии отколку за да сработат нешто, не знам можеби сум грешка, но никаде не видов резултат од нивната работа.«

Во согласност со своите надлжености, Антикорупциска има законска можност да го испитува потеклото на имотот ? Дали има основани сомневања за да отворат ваков предмет против Вас, или пак се работи за други цели на Антикорупциската комисија ?

»Целите на антикорупциската комисија се познати и недвосмислени, го дигаат ова прашање со цел дискредитирање на мојата личност како човек кој зад себе нема петна од минатото ниту пак човек кој по било која основа е политички инволвиран или оцрнет. Целта е не само мене туку и сите оние што ја сакаат правдата и пред се се професионалци да бидат неутрализирани и поништени, да се занимаваат со постапки и да доживуваат личен неуспех и главоболки за да не им пречат во остварувањето на политичките цели, бидејки јас не молчам и не замижувам пред незаконитостите на кои секојдневно сите сме сведоци. Па така откако ништо не излезе со оддавањето државна тајна за што беше наредбата за претрес на СЈО, следуваше АКМИСОТ, сега сум се богател со коруптивни дејствија и злоупотреби. Смешно, слободно нека ми го проверат целиот имот се си стои на анкетниот лист уште од 2007 се е уредно пријавувано па и потеклото ќе го утврдат дека е по пат на наследство.
Ова со мојата имотна состојба посебно ги боли бидејки сум навистина наследник на голем имот, а тоа ме прави посилен, по независен и со стабилен и силен интегритет да опстојам на сите обие притисоци од власта, сега се прашувам што ќе биде следно?
Очигледно им смета и што дишам воздух, најверојатно им смета моето постоење, бидејки се докажа дека не сакаат луѓе со интегритет кои се сушта спротивност од тоа што се тие  самите највеке првите луѓе кои ја водат државата, а се додека не видам конкретни докази за се што ме прогонуваат убеден сум дека нивниот прогон е поттикнат од нивни лични побуди. За нив, веројатно сум крив што сум жив!
Доказ за ова е манијакалната изјава дека зградата на новиот Кривичен суд имала централа со која додека сум бил јас претседател се прислушкувале судиите, а замислете таа зграда во тоа време додека бев претседател сеуште не ни беше ни предадена од Министерството за правда.«

Деновивте се кршат копјата помеѓу власта и опозицијата за статусот на СЈО, како човек кој долги години поминал во судството, според вас кој е најдобриот модел за организирање на едно вакво специјално обвинителстство и дали сегашниот персонален состав на СЈО ја оправда висината на задачата која им беше доделена ?

»По однос на оваа противуставно и по политички договор криво насадена институција во нашиот правен систем според мене најпрво мора да паднат како жртви кариерите на сите таму вработени лица од обвинители до истражители и деуга администрација, тоа е контаминирана затруена средина која дејствувала под политичка матрица и на тие луѓе треба да им се заблагодарат и да ги распуштат. Нивното внесување во редовното обвинителство може да предизвика штета за системот на обвинителството и институцијата поради чија неефикасност се формираше СЈО.
Сега враќањето на овој кадар назад би било вртење во круг секако без резултат и тие луѓе со својата јасна политичка определба можат само да го контаминираат дополнително кревкиот и клиентелистички воспоставен систем во обвинителската структура кој сега постои внатре.
СЈО е завршена неуспешна и тажна приказна на Македонија, мрак за македонското право и со тоа треба така да се пресече и со институцијата и со персоналните решенија таму.
Приказните дека многу пари биле потрошени и многу опрема набавена се приказни за мали деца бидејки опремата лесно се отстапува, а некоја инвестиција и обуки во кадрите таму ниту видовме ниту реално се покажа во сразмер со исходот кој го добивме како држава.
За проектот СЈО секако можеби по истите принципи како за формирањето треба политички договор за формирање на државна комисија која ќе го испита нивното законско работење и разумноста и рационалноста на средствата што ги имаат потрошено, бидејки пред се тоа се пари на граѓаните на Македонија и некој мора и е должен да положи завршна сметка пред нив. Она што треба сега да се реформира е Јавното обвинителство многу внимателно и многу селективно за да добиеме институција во вистинска смисла за кривичен прогон и заштита на граѓаните на Република Македонија и стедствата на државата со сите Уставно загарантирани принципи на легалитет, опортунитет, хиерархија и субординација. Можам да потенцирам дека дел од мојот работен стаж, почетоците ги поминав во оваа институција и сум имал чест да работам директно со двајца Државни јавни обвинители од кои имам стекнато многу искуства.«

Како искусен правник, дали Катица Јанева го има капацитетот да биде македонската Маковеј (успешната романска обвинителка) во ново СЈО ?

»Овде ќе дадам краток одговор, знаете со толку парични средства на располагање и со толку набилдана политичка, а пред се медиумска поддршка и нејзината двојничка Биба Додева би била одлична Маковеј но среќа Катица Јанева покрај слабите говорни квалитети, не сме ја слушнале како пее можеби би имала добра кариера како Бети Буп на пример. Знаете секој филм па и оние од Холивудските сценарија имаат свој крај, дали крајот на Катица Јанева ке биде среќен или тажен останува да видиме, успешен не беше во тоа сум сигурен.«

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...