Судијката Арнаудовска која во одлука за одредување мерка притвор за Јанакиески цитираше таен државен документ со назнака Државна тајна, вчера си поднесе оставка од Кривичен

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 ноември, 2018 13:04

Судијката Арнаудовска откри државна тајна, па си поднесе оставка

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Судијка од Основниот суд Скопје 1 Скопје се соочува со затворска казна од 10 години доколку во образложение на одлука за одредување мерка притвор за поранешниот министер Миле Јанакиески открила таен државен документ.

На порталот на Основниот суд во Скопје, на денешната седница е констатирана оставката на судијката Анета Арнаудовска, која неофицијално е одговорна за откривање на тајниот државен документ.

Во решението за притвор се цитира белешка која е класифицирана како „СД“ (строго доверливо), а не е декласифицирана.

За делото оддавање државна тајна е пропишана затворска казна и до 10 години.

Оставката без образложение, освен дека е на барање на именуваната судијка, денес е објавена и на официјалниот сајт на Основен Суд Скопје 1 Скопје познат и како Кривичен Суд.

Според законот за класифицирани информации неовластеното откривање на државна тајна законски се санкционира со долгогодишна робија а за слично дело пред неколку години во затвор заврши новинарот Кежовски.

За да се расчистат сите дилеми и сомнежи сега експерти сугерираат Собраниската комисија за надзор врз работата на УБК веднаш да изврши контрола и увид во белешките со назнака Строго Доверливо за да се утврди дали има злоупотреба на методите во водење на извори или употреба на технички средства за следење на комуникации.

Според членовите 8 и 17 од Законот за класифицирани информации судијата направил сериозен пропуст во обид да одобри притвор за Јанакиески.

Член 8

Класифицираната информација со степен “ДРЖАВНА ТАЈНА” е информација чие неовластено откривање би предизвикало загрозување и нанесување непоправливи штети на трајните интереси на Република Македонија.

Класифицираната информација со степен “СТРОГО ДОВЕРЛИВО” е информација создадена од државните органи, органи на единиците на локална самоуправа и други институции која е од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнавачките активности на органите на државната управа на Република Македонија, а чие неовластено откривање би предизвикало исклучително сериозна штета за виталните интереси на Република Македонија.

Класифицираната информација со степен “ДОВЕРЛИВО” е информација создадена од државните органи, органи на единиците на локална самоуправа и други институции која е од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнавачките активности на органите на државната управа на Република Македонија, а чие неовластено откривање би предизвикало сериозна штета за важните интереси на Република Македонија.

Класифицираната информација со степен “ИНТЕРНО” е информација чие неовластено откривање би предизвикало штета за работењето на државните органи, единиците на локалната самоуправа и други институции кои се од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнавачките активности на органите на државната управа на Република Македонија.

Воедно во следниот член се уредува и декласификацијата:

Член 17

Со декласификацијата се врши промена од класифицирана информација во информација до која се има слободен пристап. Декласификацијата од став 1 на овој член ја врши создавачот на информацијата за што ги известува корисниците на информацијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести