Се уште нема информации во какво својство е повикана но, освен за неа во разговорите можеше да се слушне и за нејзиниот брат кој што работи како адвокат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 ноември, 2019 11:52

Судијката Весна Димишкова на РАСПИТ пред Русковска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Судијката Весна Димишкова денеска е побвикана на распит кај Вилма Русковска.Таа е повикана да дава исказ за случајот „Рекет“ бидејќи се споменува во снимените разговори направени во домот на Орце Камчев поврзани со случајот “Рекет“.

Се уште нема информации во какво својство е повикана но, освен за неа во разговорите можеше да се слушне и за нејзиниот брат кој што работи како адвокат.

Судијката Весна Димишкова е повикана да дава исказ пред обвинителката Вилма Рускоска, која го води случајот „Рекет“.

Како што веќе е обелоденето истрагата за случајот „Рекет“ е завршена и веќе е поднесено обвинение за тројца, додека во делот за Меѓународниот сојуз на Боки 13 се уште трае и нема инволвирано судии и адвокати.

Инаку Весна Димишкова е сестра на уценувачот на Камчев. Како што можеше да се слушне од објавените разговори кои италијанскиот весник „Ла Верита“ ги објави за аферата „Рекет“ нејзиното име беше спомнато од првообвинетиот во тој случај Бојан Јовановски, како судијка која може да ја заврши работата, додека пак името на нејзиниот брат се споменуваше дека го уценувал Камчев.

Инаку Весна Димишкова е судијката која го ослободи Заев за случајот ,,Поткуп”.

Димишкова е судијката што на Катица Јанева ѝ даде наредба за влез во УБК и која ја потпиша наредбата за претрес во станот на сега покојниот Коста Крпач.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести