Откако судовите почнаа да закажуваат рочишта во исто време на повеќе места, сега почнаа да казнуваат што истите не е можно да се одржат

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 август, 2018 13:35

Судот со 1.000 евра го казни адвокатот Тасевски оти ме можел да биде на две места во исто време

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Натегање за одржување на судскиот процес во Кривичниот суд кој го води СЈО кодиран ТНТ.

Екс градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски немаше бранител, неговиот единствен адвокат Боро Тасевски наместо за овој судски процес беше присутен на друго судење, за раздвоената постапка за набавката на Мерцедесот – Тенк, каде во постапката е обвинета Гордана Јанкулоска, зашто користејќи го мајчинскиот право, а таму обвинетата Јанкуловска има и втор бранител, адвокатката Сања Алексиќ.

Наместо главна расправа, пауза и се чекаше паузата за Тенк за да пристигне адвокатот Тасевски кој од обвинение во ТНТ го брани Трајковски. Токму поради неприсуството на адвокатот Боро Тасевски, претседателот на судечкиот совет во случајот за уривањето на Космос, судијата Огнен Ставров, го казни адвокатот со глоба од 1.000 евра во денарска противвредност поради навреда на судот.

Бидејќи обвинетиот Трајковски немаше бранител, судскиот процес ТНТ е одложен за 10 септември. За одржување на главна расправа, еден обвинет треба да има најмалку еден адвокат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести