Извештајот во кој работната група посочува дека предмети се делеле „на рака“ и дека постои „дупли АКМИС “и често се менувале распоредите на судиите долго време беше во фиока во судскиот совет.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 јуни, 2019 18:04

СУДСКИОТ СОВЕТ ГИ ОТВОРИ ОЧИТЕ – ОТВОРИ ПОСТАПКА ЗА СУДИЈАТА ПАНЧЕВСКИ!

Фото/Текст извор: ©24 вести

Судскиот совет почна да се буди од зимски сон. По своја иницијатива отвора постапка за утврдување одговорност кај Владимир Панчевски. Ќе испитуваат дали додека бил претседател на Кривичен суд местел судски предмети.

Ова доаѓа речиси година ипол откако Извештајот за злоупотребите на АКМИСОТ , министерството за правда им го испрати на разгледување, во време кога Зоран Караџовски беше претседател на советот.
Официјално од Судскиот совет не потврдуваат чија е иницијативата, а ниту дека на тапет е Панчевски. Повикувајќи се на тајност на постапката кусо одговорија дека ќе се формира комисија која ќе треба да утврди одговорност за работењето на еден судија.

По своја иницијатива отвора постапка за утврдување одговорност кај Владимир Панчевски. Ќе испитуваат дали додека бил претседател на Кривичен суд местел судски предмети.

Судскиот совет како едно од најмоќните правосудни институции која бира и разрешува судии беше и најкритикувана во меѓународните извештаи. Забелешките беа дека преспа злоупотреби на функциите кај судии кои со имиња и презимиња беа посочувани во извештаите и од надвор и дома. Последна критика упати министерката за правда вчера.

Извештајот во кој работната група посочува дека предмети се делеле „на рака“ и дека постои „дупли АКМИС “и често се менувале распоредите на судиите долго време беше во фиока во судскиот совет.
Доскорешниот претседател Караџовски велеше дека не видел ништо страшно и помпезно во него и дека бил паушален и непотребно бил означен како класифициран документ. А кога во март минатата година стигна на дневен ред Караџовски ја исклучи јавноста за да се зачува интегритетот на судиите посочени со име и презиме.
Освен посочените злоупотреби во Кривичен суд , во Врховен суд комисијата констатирала дека со често менување на распоредот на судии и непочитување на специјализацијата на судиите предметите се паѓале кај очекуван судија.
Панчевски не одговори на нашите прашања . Инаку тој засега е единствен осомничен за евентуални зблоупотреби на системот кој по случаен избор одредува судии, не и неговиот колега и актуелен претседател на Врховен Јово Вангеловски кој беше на распит како сведок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.