Во повторената постапка за поранешниот вд претседател на штипска Апелација, Мицевски, Советот утврдил дека тој донел решение со кое не го изземал судијата од предметот

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 април, 2022 7:01

Судскиот совет разреши петмина судии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот вд претседател на скопскиот Кривичен суд и врховен судија Стојанче Рибарев, како и поранешните судии на штипска Апелација Сузана Здравева и Зоранчо Мицевски и дефинитивно се разрешени од судскиската функција.

Одлуката на Судскиот совет е конечна, откако повторно одлучуваше по прифатените жалби од Врховниот суд.

„Според законската процедура Судскиот совет одново постапи по трите предмети и повторно донесе решенија тројцата судии да бидат разрешени од функцијата. Судскиот совет при одлучувањето се водеше и од насоките на Советот за жалби. “

За Рибарев, Судскиот совет констатирал нестручно и несовесно работење со тоа што тој исклучил неколкумина судии од системот АКМИС при процесот на распределба на предмети и ги довел во нерамноправна положба судиите во судот во период кога истекувал рокот на СЈО за покренување постапки.

Во повторената постапка за поранешниот вд претседател на штипска Апелација, Мицевски, Советот утврдил дека тој донел решение со кое не го изземал судијата од предметот, иако знаел дека постои конфликт на интереси преку роднинските релации на судијата со адвокатската канцеларија. Додека Здравева е разрешена затоа што одлучувала по предмет за фирма која била застапувана од адвокатска канцеларија каде работи нејзиниот син.

Покрај овие три случаи, Судскиот совет разреши уште двајца судии од основни судови кои имаат право на жалба. Кај првиот, за кој дознаваме дека е од судот во Штип, е утврдено дека не ги почитувал роковите за закажување и одржување на рочишта, додека кај вториот, кој е од судот во Тетово, е констатирано дека донел две различни решенија за иста правна ситуација и применил различни законски одредби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести