Новите цени на горивата почнуваат да важат од ноќеска на полноќ, односно 23.07.2019 година.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 јули, 2019 12:45

СУПЕР ВЕСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Поефтинуваат бензините и дизелот!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Со новата Одлука е извршено намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,98%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република “Северна” Македонија од 15.07.2019 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 15.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 15.07.2019 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,914 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.07.2019 година и со тоа малопродажната цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,167 ден/кг.
Новите цени на горивата почнуваат да важат од ноќеска на полноќ, односно 23.07.2019 година.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република “Северна” Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести