Таа исто така навела дека Мирослав и неговата сопруга Гордана Илиќ совевремено и се заканувале, како и дека Гордана, како што вели ја исфрлила од Србија.

Објавил: Весна Петровска | 14 октомври, 2019 19:39

СУРОВОСТА НА МИРОСЛАВ ИЛИЌ: Не сака да го признае вонбрачниот син: Гордана и се заканувала на Мирјана дека ќе ја УБИЕ!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Мирослав и Мирјана кои го имаат вонбрачниот син Девин, и понатаму водат војна за докажување на татковство, а пред неколку месеци водат уште еден спор а тоа е дека пејачот ја тужи за прогонување.

Мирослав е сослушан пред извесно време, а на судот денеска се појавила и Мирјана која тврди дека никогаш не го прогонувала пејачот.

– Тој рекол дека пораката која наводно сум ја пратила предизвикала хипертензија, а не го довело до хипертензија тоа што не сака да дојде и да направи ДНК тест, рекла Мирјана по илегувањето на судот.

Таа исто така навела дека Мирослав и неговата сопруга Гордана Илиќ совевремено и се заканувале, како и дека Гордана, како што вели ја исфрлила од Србија.

Мирослав Илиќ не го признава синот: Екс – сопругата благодарна на судската правда!– Гордана ме повика и ме прогнуваше и ми се закануваше дека ќе ме убие мене и моето дете. Ме истера од Србија, затоа и јас заминав, јас бев бремена со Девин тогаш, тврди Мирјана, која веќе со години живее во Америка.

За потсетување, пејачот Мирослав Илиќ со години има проблеми со Мирјана Антоновиќ бидејќи вели дека Девин не е негов син.

Мирјана заедно со својот син пред две години се врати во Србија со желба да го запознае со татко му, но тоа не се случи бидејќи Илиќ тврди дека Девин не е негов син.

Мирјана и Девин одлучија да заминат на суд и пејачот да направи ДНК за да се докаже дека Девин е негов син.

А сега бившата сопруга се огласи на социјалните мрежи

– Драги мои пријатели, добри вести. По долго чекање, судот ги одби сите манипулации на Мирослав Илиќ кон неговиот син Давин. Закажано е главното судење за 27.06.2018. Конечно ќе имаме шанса сите да се соочиме на суд, а ако даде Господ конечно ќе има правда. Девин и јас му се заблагодаруваме на судот што не дозволи парите и популарноста на Мирослав да влијаат на правдата. Оваа одлука ни ја врати вербата во судското правосудство, напиша Мирјана на својот Фејсбук.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.