Предвремени избори. Да или не?

Објавил: admin@magazin | 12 јуни, 2018 16:10

Сценарио во три чекори договорено помеѓу СДСМ И ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Од неофицијални извори, а од високи политички функционери се дознава за сценариото и политичкиот договор помеѓу најголемите политички блокови во Република Македонија. Се работи за договор во три точки. Првата е брзо комплетирање на Државната изборна комисија. Втората е дека референдумот треба да се одржи пред претседателските избори (во разумен рок). Третата, и воедно најинтересната точка, е договорот дека доколку рефендумот за промена на името е успешен, опозицијата нема да инсистира на предвремени избори. Доколку пак референдумот е неуспешен, тогаш предвремени избори ќе има заедно со претседателските избори.

За реализација на ова сценарио, двете страни треба да направат по неколку отстапки. Опозицијата треба да се погрижи за намалување на отпорот на „патриотите“. За таа цел, ДПМНЕ свесно и активно ќе работи на дистанцирање од „патриотите“ кои не може да ги контролира во своите структури, наспроти истакнување на реформаторите и вистинските проевропски и проНАТО симпатизери, користејќи ги „руските“ обележја и структури за да ги неутрализира поддржувачите на цврстиот став за задржување на уставното име.

Од друга страна пак, власта прифаќа сите случаи на Специјалното јавно обвинителство, како и обвинетите од случајот „27 април“ да добијат законски третман без влијание врз судската власт, што во крајна линија би значело нивно ослободување. Во рамките на своите структури, власта, заедно со албанските коалициоани партнери, се обврзуваат да ги неутрализираат т.н. „шарени револуционери“ и сите кои не би се согласиле со промена на уставното име. Власта гарантира дека реваншизмот во пониските ешалони најстрого ќе се санкционира.

Како потврда дека сценариото веќе се реализира е Конкурсот за избор на членови на ДИК кој ќе се реализира во брз рок, како и разликата во односот на врвот на СДСМ кон генералниот секретар на Владата – Рашковски наспроти поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски. Имено, и покрај бројните афери и скандали во Генералниот секретаријат поврзани со непотизам и незаконско работење,  заради добрите односи со администрацијата Рашковски и понатаму ги реализира своите активности, додека пак Алаѓозовски, поради реваншизмот кој го спроведуваше кон опозиционерските уметници е санкциониран од министерската функција и назначен на пониска советничка позиција во Владата. И покрај одличните резултатите на министерката Рената Дескоска, заради нејзиното и влијанието на нејзиниот сопруг, по однос на прашањето за името, истата добива понеблагодарна функција за реформи во Министерството за правда, каде ниту оддалеку не ги контролира механизмите за реализација на реформи, посебно во делот кој се коси со Уставот и позитивните законските прописи на Р.М, а тоа е Специјалното јавно обвинителство, но и Советот за реформи во правосудството каде самиот премиер е носител на улогата на координатор.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести