Стојанче се залетал со главата кон парното, при што му нанел повреди во пределот на цевката!

Објавил: Мате Парлоф | 12 март, 2019 10:00

СЈО со прес за поплавата, како пукнала цевката?

Фото/Текст извор: ©магазин

Денеска СЈО на прес конференција објасни како се случила поплавата во подрумските простории, при што се уништени дел од доказите во случајот “Империја“, во кои осомничени се Сашо Мијалков и орце Камчев. Исцрпното објаснување на Катица Јанева за јавноста, ви го пренесуваме во целост:

“Почитувани, минатата недела додека јас бев во Гевгелија на 30 годишнина од матура, во 21 часот ми се јави премиерот Заев, од заеднички состанок со министерката Дескоска, и ми рече дека итно им требал некој документ од случајот “Империја“. Документот, како што објасни, им бил многу битен за евро-атланските интеграции на државата. Јас му кажав дека сум на матура, вечерата само што требаше да биде послужена, и оти сум на “хроно“ морам да јадам во точно време и затоа не можам да тргнам за Скопје. Но, предложив, бидејќи СЈО е независна институција, да прати во СЈО некој независен човек, кој може да појде, таму ќе го чека Фатиме, па да свршат работа. Премиерот Заев без двоумење рече дека генералот Стојанче Ангелов му е најнезависен, па него го пратил до СЈО, при што Фатиме му отворила и го упатила во подрумските простории. Во подрумот Фатиме му рекла, цитирам, “сега прави што ти душа сака“ и овој понесен од таквата понуда, го направил тоа што го сака, односно се залетал со главата кон парното, при што му нанел повреди во пределот на цевката. И така, цевката пукнала, Фатиме се уплашила, дел од доказите се поплавиле, а Стојанче со хематом на главата, херојски се вратил кај премиерот“!

Премиерот Заев има голема доверба во генерал Стојанче Ангелов, па него го пратил до СЈО. Но, слабоста на Стојанче е во главата и тој не може да одолее да гледа тврди нескршени предмети. Во такви околности тој се залетал со главата кон парното, при што му нанел повреди во пределот на цевката, која пукнала и го поплавила СЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него.

Нови мерки против Ковид 19: Затворен автопатот Охрид – Кичево

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти...

Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

Костадинов: Мицкоски да каже кои ВМРОвци си го мереле со Рената Дескоска!

Борецот за правда и антикорупција, Костадин Костадинов Манулач, кого цел регион го...