Јанева открива дека "Империја" во проневерата тежи над 11 милиони евра, при што повторно најавува дека истрагата во периодот кој следи ќе биде проширена со нови лица

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 7:01

СЈО тврди дека во „Империја“ се испрани 11 милиони евра

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Специјалното Јавно обвинителство ја објави финансиската “конструкција” на новоотворениот а воедно и последен истражен предмет под кодно име “Империја”.

Од доказите со кои располагаме произлегува дека е сторена штета на Буџетот во износ од најмалку 6.275.280 евра, како и дека се испрани парични средства во износ од 10.939.938 евра, информира СЈО за најновата истрага „Империја“.

Оттаму ја потврдуваат информацијата за замрзнување на дел од имотот на фирмите „Орка холдинг“ и „Ексико“, како и за тоа дека судот донел решенија привремено да се запре одливот на пари од банкарските сметки на „Ексико“ ДООЕЛ Скопје и ДПТУУ „Тимох“ увоз извоз ДОО Скопје.

Потсетуваме дека во наредниот период истрагата во случајот „Империја“ ќе биде проширена за повеќе лица и за повеќе кривични дела.  – велат од СЈО.

Од обвинителството ги демантираат информациите кои се појавија за незаконско приведување на дел од осомничените кои се во притвор посочувајќи дека тие се приведени врз основа на издадени наредби за приведување од судија на претходна постапка, а нивното изведување пред судијата е извршено откако беа завршени претресите кај истите врз основа на издадените наредби за претрес.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.