Во неодамнешното интервју, Џеј изјави дека е во строг карантин поради неговите здравствени проблеми и дека вирусот корона ќе биде фатален за него.

Објавил: admin@magazin | 6 декември, 2020 15:29

ТАГА ДО НЕБО: На 56 годишна возраст почина пејачот Џеј Рамадановски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што дознава Пинк.рс српскиот прославен фолкер Џеј Рамадановски почина денес на 56-годишна возраст.

Како што објави медиумот Џеј најверојатно починал од срцев удар!

Во неодамнешното интервју, Џеј изјави дека е во строг карантин поради неговите здравствени проблеми и дека вирусот корона ќе биде фатален за него.

Џеј Рамадановски е српски пејач. Потекнува од ромско семејтво од Ресен, Македонија.

Детството го поминува во Белград со својата баба по мајка. Пристапува кон малолетничка деликвенција за што е приведуван и дел од младоста ја поминува во воспитно поправен дом за малолетници каде изучува авто-лакерски занает.

По одслужувањето на воениот рок, кратко време работи во фабриката за трактори и комбајни Змај. Повторно се враќа на животот на улица и ситниот криминал. Сепак започнива хонорарно да биде ангажиран како пејач на локални и индивидуални ромски веселби, кога неговата дарба ја воочува Марина Туцаковиќ.

Својата популарност ја стекнал кон крајот на 80-тите години на 20 век, главно на просториите на Југославија и Србија.

Прв забележителен настап има на меѓународниот саем на музика МЕСАМ 1987 година кога го освојува второто место на жирито и истовремено трета награда на публиката. Врвот на популарноста го достигнува во почетокот на 90-тите години кога ги снима своите најпопуларни албуми, истовремено со контронтроверзни националистични текстови за време на војната во поранешна Југославија.

Со својата поранешна сопруга Нада има две ќерки Ана и Марија. Живее во Белградската населба Дорќол.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Познатиот фудбалер и тренер почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: Семејството покрај ковчегот, граѓаните се простуваат од Михајловиќ

Голем број граѓани на Рим од утрово чекаат пред римската општина Кампидољо, за да му...

Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга.

За местото и датумот на погребот ќе ги информираме семејството и пријателите подоцна!

Ксенија Вучиќ новинарската кариера ја започна во ТВ Студио Б, работеше на радио станиците Фокус и Индекс, а последните години беше уредник и директор на кабелскиот канал на РТВ Пинк.

Погребана Ксенија Вучиќ: Српскиот претседател во придружба на своите деца пристигна на Ново Гробје

Новинарката и екс сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска ќе биде...

Како што наведе Вучиќевиќ, Ксенија починала на рацете од својот син. Најверојатно се работи за проблеми со срцето!

ПОЧИНА НА РАЦЕТЕ ОД СВОЈОТ СИН: Откриена причината за смртта на Ксенија Вучиќ

Новинарката и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ...