Нивниот близок однос, воочува во сите азговори, а еден на друг се фалат како многу сработиле за меѓусебните односи, економскиот развој на Русија и генерално мир во светот.

Објавил: Весна Петровска | 1 јули, 2019 11:01

Таен разговор меѓу поранешните лидери на Америка и Русија: Се договарале позади грбот на Милошевиќ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Лидерите на Русија и САД, Борис Јелиќ и Бил Клинтон се слушале редовно во 1999 година  и по телефон разговарале по еден час.

Излегоа телефонските разговори помеѓу Америка и Русија во 1999 година

Темата на тие разговори била одлуката НАТО да ја бомбардира Србија.

Во транскриптите кои се објавени на сајтот на Конгресната библиотека на САД јасно се гледа дека на Јелиќ не му е драго што почнува бомбардирање на Југославија, но чисто од себични причини.

Нивниот близок однос, воочува во сите азговори, а еден на друг се фалат како многу сработиле за меѓусебните односи, економскиот развој на Русија и генерално мир во светот.

Интересно е што двајцата се согласуваат дека тогашниот претседател на СР Југославија Слободан Милошевиќ е негативец.

Клинтон и Јелиќ се слушнале на 24.март 1999 година еден ден пред бомбардирањето.

Клинтон: Милошевиќ ги замрзна разговорите со Дик Холбурк, а продолжи да упатува своите сили на Косово и да ги евакуира селата. Не ни остави избор. Знам дека се противиш на тоа што го правиме, но сакам да знаеш дека сум одлучен за тоа да направам се за нашите несогласувања по ова прашање да не уништи се она што заедно го направивме досега.

Јелиќ: Се плашам дека во тоа нема да успееме. Бидејќи тоа што овде требаше да започне беа политички разговори и тоа одново и одново, а не бомбардирање и уништување на човечки животи…

Лесно е да се фрлат бомби на сите страни. Ако ги здружиме силите, можеме да направиме пресврт на тоа што Милошевиќ го прави. Вчера нивниот парламент донесе некои одлуки кои одговараат.

Клинтон: Борисе, ако се сетиш, да се вратиме на Босна, сети се што се случи во Босна. Како се преговара со некој кој евакуира село и нема намера да застане, но нема проблем да прими некој на разговор и да го послужи со чај?

Јелиќ: Но тоа е недозволиво, да се превземе нешто ислучиво поради една личност. Тоа е недозволиво поради стотина илјади луѓе кои поради тоа ќе трпат и ќе умираат.

Клинтон: Сметам дека не постои начин да првиот воздушен напад да се запре бидејќи Милошевиќ секојдневно продолжува да раселува луѓе. Не сакам ова да стане големо семе за раздор меѓу Русија и Европа и Русија и САД.

Јелиќ: Но, нашиот народ секако од овој момент ќе има негативе став кон Америка и НАТО

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.