Душан Туџаров основното и средното образование го завршил во Струмица, а студирал на Фармацетскиот факултет при Универзитет во Белград и се здобил со звање магистер по фармација.

Објавил: Весна Петровска | 21 мај, 2019 15:51

ТАЖНА ВЕСТ: Почина генералниот директор на Реплек

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Вчера во Скопје почина генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Реплек, Душан Туџаров.

Тажната вест ја соопштиле неговото семејство.

Погребот ќе биде извршен в четврток, а посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата на Градските гробишта Бутел од 11 до 12 часот.

Душан Туџаров основното и средното образование го завршил во Струмица, а студирал на Фармацетскиот факултет при Универзитет во Белград и се здобил со звање магистер по фармација.

Извршувал повеќе функции меѓу кои комерцијален директор во Алкалоид Скопје, советник на генерален директор на „Крка“, а од 1978 до 2019 година беше генерален директор и претседател на Управниот одбор на Реплек

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam