Панговски најпрво работеше во весникот „Единство“ од каде премина во Радио Скопје во 1948 година

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 март, 2019 12:24

Тажна вест: Почина легендата на македонското спортско новинарство

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На 88 годишна возраст почина легендата на македонското спортско новинарство Ивко Панговски. Панговски ќе остане запаметен по неговиот препознатлив глас, и по неговиот коментар: „ Гол, гол….не е гол“.

Ивко Панговски целиот свој живот го посвети на спортското новинарство, тој повеќе од половина век ги пренесуваше највозбудливите спортски настани на Радио Скопје. 

Ивко Панговски е роден во Галичник, на 20. 06 1931 – спортски новинар, радиорепортер и стенограф

Панговски најпрво работеше во весникот „Единство“ од каде премина во Радио Скопје во 1948 година, и каде останува да работи се до своето пензионирање.

Беше неуморен до последен ден, секогаш во кругот на спортистите и на спортските работници.

Како спортски коментатор и новинар тој коментираше многу големи манифестации, Олимписки игри, Светски првенства итн. Тој со микрофонот бил гостин во домот на сите оние кои го сакаат спортот. Панговски го коментирал и првиот пливачки маратон во Охрид во 1962 година, потоа најтажниот пренос на Вардар веднаш по земјотресот во Скопје, а известувал и од погреб. Панговски му бил и 30 години стенограф на Тито а бил присустен и на разни затворени седници во владата на СФРЈ. Добитник е на многу признанија, автор на неколку книги со спортска тематика.

Доајенот на спортското новинарство Ивко Панговски е втор човек кој добил „Златна плакета“ од Фудбалскиот сојуз на Југославија. 

Ивко Панговски за едно интервју изјави дека најтешкиот пренос за него бил на 28 август 1963 однсоно првиот пренос по земјотресот во Скопје на средбата меѓу Вардар и Динамо од Загреб.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Шест години беше дел од Кометал Ѓорче Петров, а во 2013 година се врати во Македонија, во редовите на ЖРК Вардар, каде и ја заврши кариерата во 2015 година.

ПОЧИНА ПОРАНЕШНАТА МАКЕДОНСКА РЕПРЕЗЕНТАТИВКА ЈУЛИЈА ПАРТЕНКО

Нова трагедија за македонскиот спорт и ракометното семејство – синоќа ненадејно...

Диего Армандо Марадона, аргентинската фудбалска легенда и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина денеска на 60 годишна возраст во Буенос Аирес!

ФУДБАЛОТ ВО ТАГА: Почина фудбалската легенда Диего Армандо Марадона

Диего Армандо Марадона, аргентинската фудбалска легенда и еден од најдобрите фудбалери...