Христијан осум години имаше вградено две пумпи на батерии, чии рок на траење е пет години.

Објавил: Владо Марин | 23 јуни, 2020 21:37

ТАЖНА ВЕСТ: Почина 31- годишниот Христијан кој чекаше трансплантација на срце

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Христијан Неделковски кој осум години чекаше трансплантација на срце денеска почина, информираа од здружението „Храбро срце“.

-Со огромна болка и жалење ве информираме дека нашиот Кристијан почина, премногу изгубени години во макотрпно чекање и исполнување на „ветувањата“ од сите институции.
 
Толку вреди еден човечки живот кај нас, за жал, што дури 8 години ниту еден од надлежните не се потруди да му помогне за да го најде својот спас надвор од нашата земја.
 
Почивај во мир, Кристијан, вечно ќе ни недостасуваш, храбро срце!, напишаа од здружението.

Христијан осум години имаше вградено две пумпи на батерии, чии рок на траење е пет години.

Минатиот месец во оперативен зафат, кој траеше цели шест часа, на државната Клиника за кардиохирургија на 54-годишен пациент успешно му беше извршена трансплантација на срце!

Трансплантацијата на срцето ја работеле докторите Сашко Јовев и Жан Митрев заедно со докторите Васил Папестиев, Марјан Шокаровски, Ванѓел Здравески,  Кјутим Џелили, Тања Анѓушева, Никола Христов, Стефанија Хаџиевска, докторка Надица Мехмедовиќ, Весна Миташова,Јасмина Илиевска,  Марија Гераковска и
Димче Славевски. 

Претходно експлантацијата на срцето на починатата пациентка ја извршиле докторите  Марјан Шокаровски, Александар Колевски и Александар Николиќ. 

Целиот процес, во координација со министерот Филипче, беше воден од страна на националниот координатор за трансплантација, Маја Мојсова Мијовска, која со својот тим:  Билјана Андоновска, Весна Дурнев и Адријана Георгиев од Министерството за здравство ја процесираа пациентката во мозочна смрт и ги направиле сите лекарски, технички и административни подготовки за да се започне со трансплантацијата на срце и бубрези.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam