Стоја и Игор се во брак веќе деценија, а нивниот брак се темели на доверба и многу љубов.

Објавил: Весна Петровска | 2 август, 2019 17:57

ТАЖНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА: Пејачката Стоја ќе се убиела за својот сопруг

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Најпознатата фолк пејачка,  Стоја Новаковиќ има тажна животна приказна за која ретко зборува во јавноста. Таа прв пат се венчала само на 16 години, а веќе на 17 години го родила синот Милан.

По тажната судбина и загинувањето на нејзиниот сопруг само неколку години по бракот, денес е мажена за архитектот Игор Јовановиќ кој е нејзина најголема поддршка.

Стоја и Игор се во брак веќе деценија, а нивниот брак се темели на доверба и многу љубов.

Таа во една прилика откри и дека нејзината љубовна врска била многу турбулентна и правела разни лудости во врска со него.

-Се удрив со кола право во ѕид, знаев дека тој на тоа нема да биде рамнодушен. Секако дека се смиривме после тоа, не се повредив, но сепак го темпирав како тоа да го направам. Знаев дека сигурно ќе дојде да ми помогне, а потоа го чекаше замка, остана кај мене, вели Стоја за српските медиуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.