Економистот Таки Фити за актуелната политичка состојба и претстојниот референдум за промена на името "навива" отворено за СДСМ

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 август, 2018 8:12

Таки Фити со поддршка за референдумот во име на МАНУ?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дваесет и пет години по приемот на Македонија во Обединетите Нации исходот од престојниот рефередум за името е еден од најголемите предизвизици со кои државата се соочува од својата независност до денес.

Ова беше речено во Охрид на одбележување на овој јубилеј и промоција на зборникот „За и од Киро Глигоров“. За претседателот на МАНУ, Таки Фити со Договорот од Преспа за Македонија се отвараат доста перспективи.

Таки Фити е македонски академик, политичар и економист. Бил декан на Економскиот факултет во Скопје како и претседател на Сојузот на економисти на Македонија. Во Владата на Бранко Црвенковски како кадар од СДСМ бил и министер за финансии во периодот 1996 година до 1998 година. Фити бил Гувернер на Светската банка за обнова и развој како и на истоимената Европска банка. Во периодот додека бил министер бил и Вицегувернер на Меѓународниот монетарен фонд. Од 2005 година до 2006 година бил и советник на Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски а во 2003 година е избран и за академик при МАНУ. Од 2016 година Фити е назначен и за претседател на МАНУ.

„Да се надеваме дека референдумот ќе помине. Знам дека не може ниту еден граѓанин комплетно да биде задоволен со решенијата на овој договор бидејки на крајот на краиштата променето ни е уставното име. Но, идентитетот е зацврстен, а референцата упатува само на географска одреденица и според тоа треба да гледаме напред и да се приклучиме кон НАТО, ЕУ и да ги отвориме преговорите кон ЕУ. Мислам дека со тој засилен мониторинг кој ќе го имаме и од НАТО и од ЕУ многу посилно ќе напредуваме во реформите“, рече Таки Фити-претседател на МАНУ.

Фити додава дека она што е важно дека земјава успеала извонредно добро да ги реши идентитетските прашања.

„Тие се зациментирани и тоа по принципот Ерга Омнес. Колку и да не чинеше тој принцип за употребата на името и во меѓународни и во внатрешни размери овде сега по истата логика важи принципот Ерга Омнес. Дефинитвно не треба да имаме повеќе проблеми со признавање на македонскиот јазик, македонската култура, традиција, нашата посебност и тоа е добро“, додава Фити.

Екс амбасадорот, Ѓорѓи Филипов вели дека членството во Обединетите Нации и прашањето за референдумот имаат речиси исто значење.

Ѓорги Филипов е македонски дипломат познат и како вечниот амбасадор. Именуван за амбасадор на Македонија во Германија во периодот 2005 – 2010 година па Амбасадор на Македонија во Австрија 2010 – 2014 година. Филипов бил и Македонски амбасадор во Јапонија во периодот од 2011 до 2014 година а бил и амбасадор и Словачка од 2012 до 2015 година.

 

„Сега се наоѓаме пред исто така една значајна од историски, социјален, политички па и економски аспект пресвртница каде треба исто така да се изјасниме и кончено едно патешествие со членување во ОН, но со референца да се заврши. Да се заокружи тоа полноправно членство во ОН како сите држави во светот со едно име, со признаени етникуми кои живеат во него, со признаени меѓународни кодови, принзнаен јазик прифатен од целата светска заедница“, оцени Филипов.

Филипов вели дека бојктоирањето иако е демократско право во овие историски моменти не е одговор на овој предизвик и затоа вели секој треба да излезе на престојниот референдум. Беше кажано дека првиот македонски претседател Киро Глигоров одиграл голема историска улога во создавањето на македонската држава, од осамостојувањето по мирен пат и приемот во ОН, па се до она што денес е Македонија, ценет партнер во меѓународни рамки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести