Денеска претседателот на собранието на Република Македонија, Талат Џафери на папата Франциск во Рим му подари скулптура на светите браќа Кирил и Методиј.

Објавил: admin@magazin | 24 мај, 2019 17:37

Талат Џафери на папата Франциск во Рим му подари скулптура!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска на папата Франциск му подари скулптура на светите браќа Кирил и Методиј, кои се дело на познатиот македонски скулптор Томе Серафимовски.

На 7 мај 2019 година папата беше во посета на Македонија која се нагласува дека е историска, бидејќи за прв пат во Македонија доаѓа папа. Тој беше пречекан од Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов и премиерот на Македонија Зоран Заев. Франциск одржа литургија на главниот плоштад во Скопје.

Денеска претседателот на собранието на Република Македонија, Талат Џафери на папата Франциск во Рим му подари скулптура на светите браќа Кирил и Методиј.

Подарената скулптура е изработена во Охрид инспирирана од централниот споменик во срцето на самиот град – споменикот на светите браќа апостоли и просветители, основачи на првата словенска азбук– Денес, кога ги чествуваме светите браќа и го славиме нивното епохално дело, ви го подарувам овој дар што е симбол на мојата искрена и огромна почит кон Вас, Ваша светост.

Франциск, роден како Хорхе Марио Бергољо
е поглавар на Римокатоличката црква и папа од 13 март 2013 година. Во редот на исусовците се приклучил во 1969 година. Франциск е 266. папа на Римокатоличката црква.

Како Албанец, како муслиман, меѓутоа пред вас во својство на претседател на Собранието на Република Македонија, денес сум тука пред вас како претставник на мојата земја, мала по територија, мала по број на жители, меѓутоа богата по својот шаренолик мозаик на различни народи, религии и култури кои значат богатство и дополнителна вредност за целиот регион и светот. Моја највисока почит кон вас, кон Светата столица, и кон делото на светите Кирил и Методиј. – рече Џафери при врачувањето на подарокот на папата Франциск.

Во знак на почит, папата Франциск на претседателот Џафери му подари ретка скулптура и авторски книги.

– Оваа скулптура има голема симболика. На скулптурата има виновата лоза и гулаб на маслинова гранка. Оваа скулптура е симбол на заедништво и пораки за мир. – акцентираше папата Франциск, кој воедно доби и подарок од архиепископот г.г. Стефан.

Претседателот на Собранието, Џафери оствари и тет-а-тет средба со папата Франциск, а се сретна и со државниот секретар на Ватикан.

Франциск е поглавар на Римокатоличката црква и папа од 13 март 2013 година. Во редот на исусовците се приклучил во 1969 година. Франциск е 266. папа на Римокатоличката црква. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести