Причината (Талат Џафери) поради која и се случија немилите настани од 27 април мината година, сега ќе го координира собраниското тело за помирување и можна амнестија

Објавил: Мартин Попоски | 24 октомври, 2018 13:42

Талат Џафери ќе го координира националното помирување

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Талат Џафари од нелегитимната функција на претседател на Собранието на Македонија ќе координира со формирањето на најавеното собраниско тело за помирување, информираат од законодавниот дом.

Според неофицијално информации најавеното собраниско тело за помирување треба да се состави до петок.

Џафери и пратениците од мнозинството сега се во нова мисија да ги убедат и пратениците на ВМРО – ДПМНЕ кои на гласаа за уставните измени, да бидат дел и активно да учествуваат во работата на процесот за помирување.

Националното помирување според говорот на премиерот Заев се однесува точно за настаните во собранието од 27 април минатата година, кога основна причина за инцидентот беше нелегитимното и насилно именување на Џафери за претседател на законодавниот дом.

Одтогаш во јавноста не постои правен документ, стенограмски белешки а ни видео записи, од тоа на која седница и со колку пратеничли гласови “за” е избран Џафери како тогашното парламентарно мнозинство броеше 61 пратеник а во салата за пленарни седници имаше само 59 пратеници, бидејќи Али Ахмети и Бранко Манојиловски од ДУИ по претходно известување за можни немири го напуштија објектот.

Апсурдот да биде поголем, Џафери би бил и предлагач на можната амнестија за настаните од 27 април минатата година, како ингеренции за таков акт има само репрезентот на државноста на Република Македонија, претседателот Ѓорге Иванов.

За немилиот настан од 27 април минатата година ОЈО покрена обвинителен акт против 33 обвинети лица кои ги сомничи за терористичко здружување за рушење на уставниот поредок во Република Македонија, процес во кој се опфатени поранешни полициски функционери, пратеници, граѓански активисти и граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести