Силната порака и моќниот глас на Тамара беа совршената комбинација што ги освои симпатиите на Европа.

Објавил: admin@magazin | 19 мај, 2019 1:31

Тамара на Твитер: Ден кој никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Македонија има на што да биде горда вечерва! За прв пат во историјата Македонија беше блиску до првото место.

„Ден кој никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам“, напиша Тамара на својот Твитер профил, откако заврши гласањето на Евровизија и Холандија беше прогласена за победник во Израел.

Тамара Тодевска и нејзиниот тим ѝ го донесоа најдобриот пласман досега на нашата земја на Евровизија!
Со песната „Proud” Тамара напиша историја за Македонија!  Во вечерашното гласање целото време Македонија беше на врвот, а заврши на осмото место со вкупно освоени 295 гласови, што значи дека тоа е најдобриот пласман на Македонија на Евровизискиот избор досега.

Силната порака и моќниот глас на Тамара беа совршената комбинација што ги освои симпатиите на Европа. 

Во вечерашниот натпревар за најдобра песна на Евровизија, Холандија е земјата победник со „Arcade” во изведба на Данкан Лоренс. Втората позиција ја освои Италија, додека Русија беше трета.
За Холандија ова беше петта победа во досегашните настапи на Евровизија, и прва после 1975 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.