Тамара Тодевска по скандалот се огласи на својот Фејсбук профил...

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јули, 2019 11:00

Тамара по скандалот: Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По скандалот откако пејачката Тамара Тодевска на вчерашната прослава на Дeнот на нeзaвиcностa на САД, 4 Јули,, што се одржа во дворот на американската амбасадата во Скопје, пеејќи ја македонската химна, не го испеа, односно го изостави стихот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“, се огласи на својот Фејсбук профил.

Тамара се извини на јавноста за заборавените стихови од химната

-Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка. Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД. Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната. Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната. Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите. Со почит, Тамара, напиша Тодевска на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести