Гласањето за Радио-наградите на Евровизија 2019 година траеше од 1 до 10 јуни, а фановите и слушателите на Евровизискиот натпревар низ светот одлучуваа кому ќе му припаднат трофеите.

Објавил: admin@magazin | 11 јуни, 2019 19:35

Тамара се закити со признание: Избрана за најдобар женски вокал на Евровизија!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

 Македонската претставничка Тамара Тодевска, го доби признанието за  најдобар годинашен женски евровизиски вокал.

Ова е прв трофеј за Македонија на ова натпреварување. Вкупно 23,3 отсто од гласачите за најдобар женски вокал и го дале својот глас на Тамара.

После Тодевска се Кејт Милер-Хајтке од Австралија и Тамта од Кипар.
За најдобра песна, наградата и припадна на победничката „Аркада“ во изведба на Данкан Лоренс од Холандија.

Во 1991 за прв пат на само шест години настапува на престижниот фестивал „Mакфест“, заедно со тогаш познатите пеачки и сестри Маријана и Росана. После долго време во 1997 год заедно со сестра и Тијана го земаат второто место на “Скопскиот фестивал” со песната “Луда игра”. Во 2001 год Тамара ја започнува својата соло кариера со синглот „Дали знам” дело на Роберт Билбилов подржан од тогaш познатиот бенд Мак Џинс.

Гласањето за Радио-наградите на Евровизија 2019 година траеше од 1 до 10 јуни, а фановите и слушателите на Евровизискиот натпревар низ светот одлучуваа кому ќе му припаднат трофеите.

Во 2008 година заедно со Адријан Гаџа и Врчак победуваат на националниот избор за песна на Евровизија и со „Во име на љубовта” ја претставуваат Македонија во Белград-Србија. „Во име на љубовта” се снима на 6 верзии ( Македонски, Српски, Албански, Турски, Руски и Англиски) и за сите е снимен видео спот режисиран од Дејан Миличевич.

По кратката турнеја низ Австралија, Тамара се враќа со нова песна на „Будванскиот фестивал”, „Дајем ти све” дело на Калиопи, за истата е снимена и македонска верзија „Tи давам се”. Следува „Радискиот Фестивал” во Белград “Усне ко крв” исто така дело на Калиопи и Дарко Димитров,
Во 2009 година на „Будва фест” Тамара настапува со песната Шарена песма и го освојува петтото место.
Во 2011 сними дуетска песна со Влатко Илиевски „Гушни ме”, и „Не ме замарај” трио со Тони Зен и Слаткар, двете колаборации се представени и со видео записи. Кон крајот на ноември излегува новиот сингл на Тамара насловен Нејќеш да сум сама. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Сепак, гласовите беа одлучувачки, а познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Познати првите финалисти на Евровизија, Албанија и Бугарија не се пласираа

Вчера вечер се одржа првото полуфинале на едно од најголемите и најзначајни музички...

Избирањето се одвиваше по пат на онлајн гласање, а гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на стручно странско жири.

Дали Андреа заслужено ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022?

Вчера вечер беше избран нашиот евровизиски претставник, и победата ја однесе Андреа...