Како специјален гостин на финалната вечер на 64.Евровизија ќе настапи 60-годишната поп ѕвезда Мадона.

Објавил: admin@magazin | 18 мај, 2019 13:29

Тамара Тодевска вечерва под реден број 8 ќе настапи во финалната вечер на 64. Евровизија!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Тамара Тодевска со песната „Горда“ (Proud) вечерва под реден број 8 ќе настапи во финалната вечер на 64. Евровизија, што се одржува во Израел.

Во вечерашното финале ќе настапат 26 земји, а ќе можат да гласаат сите учесници или 41 земја. Директен пласман во финалето на Евровизија имаат Франција, Италија, Германија, Шпанија и Велика Британија.

Тамара Тодевска четврти пат учествува на Евровизија, но првпат како солист.

Во втората полуфинална вечер, пласман за во финалето обезбедија и Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта, а од првата полуфинална вечер се пласираа Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.

Како специјален гостин на финалната вечер на 64.Евровизија ќе настапи 60-годишната поп ѕвезда Мадона. 

Изборот на песна за Евровизија е годишен натпревар одржан помеѓу повеќе активни членки на Европската радиодифузна унија.

Секоја земја учесничка доставува песна која ќе биде изведена во живо на телевизија или радио, а потоа доделува гласови на песните на другите земји за да се одреди најпопуларната песна во конкуренцијата.

Изборот се емитува секоја година од неговото воведување во 1956 година и е еден од нај долготрајните телевизиски програми во светот. Исто така е и еден од најгледаните не-спортски настани во светот, со бројка на гледаност помеѓу 100 и 600 милиони на меѓународно ниво во последните неколку години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани