По три години музичка пауза и денови посветени на мајчинството, Тамара повторно се врати на музичката сцена

Објавил: admin@magazin | 5 септември, 2018 13:55

Тамара Тодевска го промовираше новиот сингл и видео запис (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По три години музичка пауза и денови посветени на мајчинството, Тамара Тодевска денес точно на пладне на Стоп ТВ, го промовираше својот нов сингл насловен „Довидување таго“. И зад оваа песна се потпишува тимот кој што веќе години наназад, животот на Тамара го раскажува низ песна. Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, текст Игор Џамбазов, видео запис Чедо Поповски.

Џамбаз ме познава како дишам. Билбилов исто така. И оваа песна како и многу претходни е буквално приказна од мојот живот. Раѓањето на Хана ме промени комплетно. Ми донесе една сосема нова енергија и во домот и во секојдневието. Игор знае како тоа да го раскаже со зборови затоа што ја гледа позитивната промена во мене. Среќна сум и исполнета а таква е и песната. Многу ми е драга затоа што ја отсликува позитивата која што ја живеам последниве години а најавува и нова. Видеото со Чедо го снимивме на една прекрасна плажа во Грција во петтиот месец од мојата втора бременост, вели Тамара.

Деновиве Тамара освен што на кратко се врати во студио, ги посветува на семејството, сопругот Александар и ќерката Хана. Нестрплива до породувањето, слично како и за својата прва бременост вели дека нема да заборави на работата, напротив со музика и нови песни ќе го донесе на свет и своето второ дете.

За реализацијата на ова музичко парче, Тамара ја обнови соработката со своите стари пријатели и поддржувачи Пелистерка.

Обновената соработка со Пелистерка е уште еден убав момент во целата оваа приказна. Ме радува фактот што оваа успешна македонска компанија застанува зад македонската музика која што периодов не ги живее своите најсветли моменти, изјави Тамара Тодевска, чие видео за новата песна ексклузивно ви го преставуваме во продолжение:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Поп

Четири девојчиња од хорот  на „Златно славејче“ напишаа и снимија песна за Влатко Илиевски, Ќе се потрудиме да го зачуваме твоето дело и никогаш да не бидеш заборавен!"

Четири славејчиња со песна за Влатко Илиевски- Со тебе пораснавме, а сега те нема!

Четири девојчиња од хорот  на „Златно славејче“ напишаа и снимија песна за Влатко...