Цариниците откриле скриени цигари, вино и мастика

Објавил: admin@magazin | 26 мај, 2018 9:54

„Танец“ заглави на српската граница

Фото/Текст извор: ©

Српските цариници синоќа во автобусот со кој се превезувале играорци од нашиот национален ансамбл “Танец’’ на пат за турнеја во Хрватска, Словенија и Австрија, при претрес пронашле голема количина на шишиња со вино и ракија и многу штеки со цигари, пренесе порталот Либертас.

В.д. директорот на Танец, Стојанче Павловски, и другите играорци и возачите добиле наредба да го напуштат автобусот, а цариниците го однеле на скенер за да проверат да не има уште сокриена стока. Претходно сите биле детално претресувани и од автобусот им била извадена целата облека, и приватната и онаа за настап.

Според Либертас, цариниците им рекле дека претресот и проверката на автобусот на скенер ќе трае најверојатно до доцна во ноќта.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија