Во хрватското пристаниште Плоче за малку спречена еколошка катастрофа на целиот Јадран

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 август, 2018 12:35

Танкер полн со нафта се зари во пристаништето Плоче во Хрватска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Танкер што пренесувал 27.000 кубика нафта се зари во пристаништето Плоче кое се наоѓа помеѓу Сплит и Дубровник.

При ударот дел од пристаништето падна во морето, заедно со апаратурата за истовар на нафта и плин.

Поради несреќата отежнето е снабдувањето со нафта и деривати во Далмација.

Како што се наведува оштетени се уредите за истовар на нафтата кои останале на пристаништето а оштетувања има и кај бродот.

Танкерот не е пробиен од ударот па нафтата не протекла во морето.

Според проценка на стручните лица штетата се мери во милиони евра.

Со оглед на тоа што пристаништето е оштетено не можат да пристигнат другите бродови кои требало да бидат растоварени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...