четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Заев имаше историска шанса да биде Тито, но не ја искористи, рече Таравари одговарајќи на прашањето дали Албанците ќе дадат гласови за СДСМ, и додаде дека тие се разочарани од Заев и СДСМ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јануари, 2020 9:44

Таравари: Заев можеше да биде Тито но не ја искористи таа шанса

Фото/Текст извор: ©магазин.мк
Таравари во дебатат истакна дека власта премногу се фокусирала и работела само на Преспанскиот договор но требало да посветат внимание и на други приоритетни работи во државата.
Кажете ми една изградена болница, кажете ми една инвестиција во едно училиште има само едно во Скопје, јас барав, не дозволи министерството и најдовме од донации, рече Арбен Таравари.

Тој обвинува дека нема ниту една инвестиција во опозициска општина.

-Во Гостивар не доаѓа никој од Владата. На општината каде сум градоначалник на пример, Гостивар, на владата и текнуваше само кога земаше ингеренции, посочи Таравари.

Таравари откри планови за престојните избори закажани за 12 април.

„Ние не избираме коалициски партнер кој ќе победи со тој ќе разговараме, се разбира треба да се погодиме и по програма“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.