Арбен Таравари обвинува за партизација на општината од страна на ДУИ

Објавил: Узунов Бобан | 9 април, 2019 19:57

Таравари: Имам 60 паразити на ДУИ во општина Гостивар

Фото/Текст извор: ©магазин

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 ја обвини ДУИ дека вработувала паразити во администрацијата и рече дека една од целите на Алијансата на Албанците на изборите е да ја делегитимираат ДУИ.  

Арбен Таравари (7 април 1973 во Гостивар) — македонски лекар и поранешен министер за здравство во владата од 2017. Средно медицинско училиште завршил во „Панче Караѓозов“ во Скопје, а дипломирал на медицинскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1998. Специјализирал неврологија во 2006, а во 2011 ја одбранил докторската дисертација од областа на Паркинсонова болест.  Таравари е оженет и е татко на две деца. Говори албански, македонски, турски, англиски, и српски јазик.[1]
На локалните избори во 2017 година Таравари станал градоначалник на Општина Гостивар, победувајќи го својот против-кандидат од редовите на ДУИ Невзат Бејта.

-Имам 60 вработени во општината кои се паразити на ДУИ, ништо не работат и земаат плата. Овие феномени на Албанците им се дојдени преку глава. Ние сме сконцентирани на прв круг, првата цел ни е Река да оди во втор круг, и втората цел ни е да ја делегитимираме ДУИ која тежи 40-50 илјади гласови, рече Таравари. 

За време на локалните избори во 2017 година Арбен Таравари како кандидат на Алијансата за Албанците чиј претседател е Зијаден Села го победи кандидатот на ДУИ Невзат Бејта во вториот круг со 16.920 гласови. Арбен Таравари ја обвинува власта предводена од СДСМ и ДУИ деле прави притисок врз општина Гостивар преку одземање на надлежностите во образованието. 

Последните обвинувања од Арбен Таравари пред неколку дена беа дека за  Министерството за образование разрешило 7 директори од вкупно 16 училишта колку што има во Гостивар за врема на изборна кампања , и обвини дека разрешувањето од страна на министерството е скандалозно и политичко.

Од Министерството за образование одговорија дека постапиле законски, по одлуката на државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести