Предлогот на Зоран Заев беше избори да има на 21 јуни по секоја цена, рече Таравари.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 мај, 2020 9:41

Таравари: На лидерската средба само СДСМ не покажа никаква флексибилност!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во дебатната емисија “Програма 200“ на Алсат телевизија, генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари рече дека на лидерската средба која пред два дена се одржа кај претседателот Пендаровски, само СДСМ на чело со Заев не покажа никаква флексибилност за одржувањето на изборите.

На лидерската средба вчера, само СДСМ беше таа која не покажа никаква флексибилност во однос на поместувањето на датумот за избори. Предлогот на Зоран Заев беше избори да има на 21 јуни по секоја цена, рече Таравари.

Арбен Таравари (7 април 1973 во Гостивар) — македонски лекар и поранешен министер за здравство во владата од 2017. Средно медицинско училиште завршил во „Панче Караѓозов“ во Скопје, а дипломирал на медицинскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1998. Специјализирал неврологија во 2006, а во 2011 ја одбранил докторската дисертација од областа на Паркинсонова болест. Во 2016 бил претседател на одделот на екстрапирамидални болести при универзитетската клиника за неврологија, а бил член на одборот на меѓународните медицински списанија „Медикус“ и „Vox Medici“. Таравари е оженет и е татко на две деца. Говори албански, македонски, турски, англиски, и српски јазик.
На локалните избори во 2017 година Таравари станал градоначалник на Општина Гостивар, победувајќи го својот против-кандидат од редовите на ДУИ Невзат Бејта.

Тој додаде дека Алијансата на албанците стапила во контакт со Државната изборна комисија од каде едногласно добиле одговор дека за да можат тие да организираат избори, потребни им се минимум 32,33 дена.

– Имајќи во предвид дека од трите писма што ни стигнале од три институции од кои побаравме помош, едното беше од ДИК, каде што беа едногласни потпишани сите членови на Државната изборна комисија дека минимум му требаат 32 или 33 дена, а максимум 50 дена, истакна Таравари.

Според Таравари, ако вонредната состојба завршува на 30 мај, тогаш првиот датум на кој ДИК може да ги организира изборите е 5-ти јули, а во никој случај не може да се постигне според барањето на Заев изборите да бидат 14 или 21 јуни.

-Значи ако вонредната состојба завршува на 30 мај, од први јуни, минимумот од 33 дена е 3 јули, значи 5 јули е недела. Тоа е првиот ден што трите институции можат да организираат избори, зборувам за ОБСЕ, ДИК и Комисијата за заразни болести. Значи 5 јули е минимумот, иако Заев може да каже сакам да одиме на избори на 11 јуни, но едноставно е невозможно затоа што едната институција каде и СДСМ има делегати, и тие велат дека на нив им требаат минимум 33 дена, констатираше Арбен Таравари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.