„Знаете што е фер? Да ги ослободите оние кои скапуваат во затвор како тој Југ, Јане Ченто и компанија. Оти ова е смешно вашево. Нема робија за Грујо, Сашо, Орце, Гоца Мвродпмне.

Објавил: Перо Милчин | 26 јуни, 2019 13:41

ТАСЕВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИК: „Веднаш да ги ослободите Ченто, Игор Југ и компанија, затвор за Грујо и Мијалков„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Актерот Сашо Тасевски напиша на социјалните мрежи и повика до надлежните органи веднаш да ги ослободат од затвор Игор Југ, Јане Ченто и останатите кои се осудени за крвавите инциденти кои се случија во Собранието на 27 април.

Актерот Сашо Тасевски напиша Фејсбук статус во кој апелира до надлежните органи, да ги ослободат од затвор Игор Југ, Јане Ченто и другите кои се осудени за крвавиот четврток во Собранието на 27 април.

Тој смета дека ако нема робија за Груевски, Мијалков, Камчев, Јанкуловска и останатите, смешно е другите да останат зад решетки.

Сашо Тасевски во 1995 година дипломирал на катедрата за актерска игра на Факултет за драмски уметности – Скопје. Во 1998 година се вработил како глумец во Драмски театар во Скопје, каде остварил преку педесет театарски ролји во матичниот и други театри низ државава, но и како соработник со други театарски институции и проекти.

„Знаете што е фер? Да ги ослободите оние кои скапуваат во затвор како тој Југ, Јане Ченто и компанија. Оти ова е смешно вашево. Нема робија за Грујо, Сашо, Орце, Гоца Мвродпмне.

Нема прогон за Протуѓер звани Ендек, за Илче Гебелс, за Ставревски. Нема затвор ни за судиите Сваровски. Нема затвор за ниеден функционер од ДУИ. Нема затвор за никој од нив, ама затоа нивните човечиња, пиончиња и војничиња ги пикнавте во прдекаана.

Зборот СРАМОТА е премногу благ да го опише тоа ваше предавство на законот и правдата“, пишува на социјалните мрежи актерот Сашо Тасевски.

Сашо Тасевски е македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, стендап комичар, писател и колумнист, вработен во Драмскиот театар во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести