Значи Рамазан беше клучот за да олабавите со меркиве.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 април, 2020 10:07

Тасевски: Значи Рамазан беше клучот за да олабавите со меркиве!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото фејсбук

Познатиот македонски актерот Сашо Тасевски на социјалните мрежи вели дека намалувањето на полицискиот час всушност било поради празникот Рамазан:

Значи Рамазан беше клучот за да олабавите со меркиве. Така и напишав пред неколку дена. Да живеевте овде само со Македонци најубаво ќе ви беше. Цела година дома под клуч ќе ги држевте. И уште ќе викаа така треба, да го слушаме Филипче.

Сашо Тасевски во 1995 година дипломирал на катедрата за актерска игра на Факултет за драмски уметности – Скопје. Во 1998 година се вработил како глумец во Драмски театар во Скопје, каде остварил преку педесет театарски ролји во матичниот и други театри низ државава, но и како соработник со други театарски институции и проекти.

Тој претходно го искоментира и однесувањето на полицајците кои го приведоа момчето кое го шеташе својот миленик.

Полицијата ќе проверува дали постапиле законски ко го приведоа со комбе, полициски возила, десетина полицајци, тој дечкото кучето на мочање што го извади.
Ич не проверувајте. Виновен е. Го видовме, пружаше херојски отпор. Башка тој мора да е внук од тетка на Мохамед Ата оној што ги сруши зградите во Њујорк. И на кучето во крзното имаше скриено појас со експлозив збогатен со вируси корона. Тоа е куче од расата птичар самоубиец. Требаше да го приведете и со два тенка и хеликоптер, плус да ја ангажирате армијата. Толку е опасен.
Сега немој да не го мачите у станица. Да признае се. Каде го мочал кучето? Колку време мочало?
Дали му е мочката бистра? И ако какало, зошто какало.
Од утре комшии кои ве мразат ќе ве сликаат тајно со мобилен ако не носите маска и ќе ве пријавуваат во полиција. Па на врата со командоси ќе ви доаѓаат да ве приведат.
Така отприлика почнува тоталитаризмот.
СРАМОТА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...