Актерот Сашо Тасевски повторно се огласи на својот фејсбук профил по повод потврдени нови случаи на корона вирусот во Македонија.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 10 март, 2020 9:51

ТАСЕВСКИ НИКОГАШ ПО БРУТАЛЕН: Затварајте училишта, ќе ни ги испозаразите децата!

Фото/Текст извор: ©магазин

Контроверзниот актер Сашо Тасевски секој ден го користи својот личен фејсбук профил како гласило за актуелни теми. Со однос на тоа што изминатите неколку дена, актуелна тема е корона вирусот во Македонија и новите потврдени случаи, тој се огласи по повод начинот на кој надлежните се справуваат со епидемијата. 

Сашо Тасевски даде остра критика кон работата на надлежните, министерот, докторите и директорите и упати брутална порака до властите на чело со Венко Филипче.

Факт е дека институциите потфрлија особено со случајот на директорката на Клиника за кожни болести која го доволена јавното здравје под сериозен ризик. Вчера се појави вест дека токму од истата клиника во скопско училиште специјализант по дерматологија предавал на основношколци. Паника од корона вирусот се побрзо се шири со однос на тоа што и самиот вирус има огромна моќ и брзина на ширење, плус е смртоносен. 

Сашо Тасевски апелираше до надлежните да ги затворат училиштата и да соработуваат повеќе со граѓаните, а не да го имаат тој арогантен став дека тие се знаат, а наше е само да слушаме и да не креваме паника, да не се грижиме за своето и здравјето на другите. Тој истакна и пример дека во училиштето каде што неговите деца учат, многу често родителите на нивните другарчиња патуваат во Италија и одат таму на скијање.

Доколку има само еден случај меѓу нив многу е веројатно дека тој брзо ќе се прошири помеѓу децата поради степенот на нивната блискост, игра и недоволно развиена свест за превентивна култура и придржување до мерките за заштита. Еве што истакна Тасевски на својот фејсбук профил: 

Затворајте училиштата одма. Не ја правете истата грешка “Мија не кревамо паника, оти Мија све знаемо.
Знаете зошто треба да ги затворите. Еве на пример, во школото кадешто одат моите деца, има родители на кои Италија им е омилена дестинација. И си скијаа со дечињата во Италија зимава и си шетаа по Венеција, Фиренца и Рим, си јадеа таљатели алијас јуфки. Уствари веслаа низ Венеција, оти таму не можеш да шеташ многу. Некои беа пред само еден месец во Милано, правеа селфи со еКспресото на Дуомо.
Ама има родители и од други училишта кои си шетнале до Италија периодов.
Затоа аман не се правете веќе ајнштајни за менаџмент, здравство и владеење. Ве видовме и сфативме од виденото какви лујки сте од доктори, директори до министри.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...