Тасевски во статусот вели дека за една година ВМРО предводена од Мицкоски ќе дојде на власт, а Мицкоски ќе ја превземе функцијата премиер на државата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јули, 2019 2:18

Тасевски повторно удри по власта: Наместо за влез во ЕУ, некој го дал името само за да дојде на власт

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актерот Сашо Тасевски, во последно време е се почесто во центарот на вниманието на медиумите, поради статусите кои секојдневно ги споделува на својот Фејсбук профил а воглавно се однесуваат на Владата и функционерите.

Актерот Сашо Тасевски повторно со Фејсбук статус се обрати до власта

Така и овој пат Тасевски предизвика лавина од коментари откако на својот Фејсбук профил напиша дека всушност името било променето само за СДСМ да додје на власт. 

Тасевски во статусот вели дека за една година ВМРО предводена од Мицкоски ќе дојде на власт, а Мицкоски ќе ја превземе функцијата премиер на државата.

Изгледа ко се пазареа со името, влез во ЕУ не беше на маса. Оти Бојко кажа не, Макрон и Меркел кажаа не. Значи наместо за влез во ЕУ, некој го дал името само за да дојде на власт.
Ич неубаво.
Испливаа гомцата надвор. И гледаме локални и повисоки функционери на Сдсм ја напуштаат партијата. Ќе го чекаат Мицко да стане премиер и да се вдомат кај него. Природна преселба на нашите политичари. А Мицко набрзо ќе стане американски миленик, оти до сега се докажа како нивни послушник. И така. Власта за една година од денес, ќе мине во негови раце.
Мицко и неговите нема да бидат толку нежни кон сдсмовците. Малку појако ќе ги пеглаат. Онака вмровски, ко што си знаат. Нема никој да се буни за тоа од надвор.
Ќе биде малку непријатно, ќе биде пак пишчење и вришчење за невмровците и пак оние од невладините и европејските северномакедонски платеници од разни фели, ќе бараат помош од домашните редовни мрчатори за некаков нормален живот, ама да си знаат, ќе бидат измарширани док трепнат. Да не речам одјебани. Чунки многу ги кренаа носовите кога партијата што им праеше најголеми ќејфови дојде на власт. Па тоа курчење невидено. Мислевте 100 години ќе се курчите, така? Ево вам га на! За една година ќе плачете као пичиња. Тогаш ќе можете да парадирате колку ви душа сака. Ни улични џукели нема да ви се приклучат. Ма здраво.
Јас ако успеам до септември да го завршам новиот роман, добро. Ако успеам да ја напуштам државава до другиот септември, уште подобро. Ова е премногу и за мазохист,напиша Тасевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.