Водечки во регионот по умрени на милион жители. Затоа не тестиравте ко што треба, оти тогаш ќе излезеше вистинската бројка на заразени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 мај, 2020 23:20

ТАСЕВСКИ УДРИ ПО ВЛАСТА: Магариња да бевме до сега ќе сфатевме дека ни ги корнете ушите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот директор на Драмски театар, познатиот македонски актер Сашо Тасевски, во последно време се погласно ја критикува власта. Тој и овој пат на својот Фејсбук профил се обрати до власта прашувајќи дали пукна тиквата, потенцирајќи дека грашаните станаа маса на изманипулирани луѓе.

Сашо Тасевски во јавноста е перципиран како човек „без влакна на јазикот“, сосема независен и непристрасен. Политичарите често му се мета на Тасевски, кој јавно ги критикува на социјалните мрежи.

Пукна тиквата, а?
Ја промашивте работата дебело, изгледа. Водечки во регионот по умрени на милион жители. Затоа не тестиравте ко што треба, оти тогаш ќе излезеше вистинската бројка на заразени. Тоа не му одеше во прилог на вашиот идиотски пи ар дека сте совршени. Сега паника а?
Сите мораме во затвор за да обезбедите барем малку нормалност за брзи избори.
Магариња да бевме до сега ќе сфатевме дека ни ги корнете ушите.
Ама не. Ние сме толку обезличена маса на изманипулирани луѓе, што на гилотина да не носат, ќе се радуваме дека е тоа благослов.

Претходно тој ја критикуваше власта дека иако вели дека епидемијата е под контрола, сепак дневно се заразуваат 20 луѓе.

Епидемијата е под контрола. Секој ден контролирано умираат по двајца, тројца.
И уште поконтролирано се заразуваат 20 до 30 луѓе.
Ама за тоа ние сме виновни и приватните собири. Дека утре ако гласате во училница со 15 души внатре, тоа не е приватен собир, туку државно партиска журка.
Надреалисти не ви се рамни. Само малоумен може да ви верува.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.